1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕЦБ ја намали основната каматна стапка

АТ/ дпа/ ртр7 ноември 2013

Европската централна банка (ЕЦБ) ја намали водечката каматна стапка во евро-просторот изненадувачки на рекордно ниско ниво од 0,25 проценти - курсевите на акциите растат, а на еврото паѓа.

https://p.dw.com/p/1ADfU
Фотографија: AP

Со оглед на екстремно ниската инфлација во евро-просторот, последно 0,7 проценти во октомври, некои експерти се заложија за натамошно олабавување на монетарната политика. На тој начион Емисионата банка би можела да спречи дефлациона спирала со надолен тренд, поради падот на цените за потрошувачите и слабиот економски пораст.

Белгискиот член на советот Лук Коен неодамна нагласи дека натамошен пад на инфлацијата би оправдало натамошно делување во монтарната политика. Повеќето економисти меѓутоа очекуваа дека ќе биде направена пауза во однос на каматните стапки.

Индексот ДАКС на рекордно високо ниво

По ненадејното намалување на основната каматна стапка на ЕЦБ германскиот берзански интекс ДАКС се искачи на ново рекордно ниво, на 9.143,16 точки. Наспроти ова, еврото забележа пад за речиси еден процент на 1,3359 американски долари. Ниските камати тенеденциозно ги поефтинуваат кредитите и инвестициите и го поттикнуваат стопанството. Тоа го зајакнува општиот пораст на цените. ЕЦБ стабилноста на цените ја оценува на малку под 2,0 проценти годишно поскапување.