1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Жежок август за предметите на СЈО

ДТЗ
21 јули 2021

По назначување на нов судија – поротник предметите „Титаник“, „Топлик“ , „Талир“ и „Тендери“ се враќаат во судница. Јовески вели дека враќањето на почеток на повеќе предмети е слабост на Законот за кривична постапка.

https://p.dw.com/p/3xmnd
Mazedonien Justiz Amtsgericht
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Неколку судења покренати од Специјалното јавно обвинителство кои беа „заглавени“ поради разрешувањето на  судија-поротник се очекува да продолжат по судската ферија на крајот на август и почетокот на септември. По назначување на нов судија – поротник во дел од предметите на поранешното СЈО, на крајот на летото се закажани термини за одржување на главните расправи за предметите „Титаник“, „Топлик“ , „Талир“ и „Тендери“.  
Како што информира Основниот кривичен суд Скопје, рочиште за „Топлик“ е закажано на 23 август, на 24 август за „Титаник“, за „Талир“ на 3 септември,  додека за „Тендери“ на 6 септември. 

-повеќе на темата: Тргни - застани, некој ќе застари

Судскиот совет неодамна разреши двајца судии – поротници, кои беа дел од овие судења, поради навршени 60 години возраст. Станува збор за поротникот од Кривичниот суд, Митко Сандев на кој му заврши поротничкиот мандат.Претходно беше разрешен и судијата Горан Бошевски поради што уште три случаи иницирани од СЈО ќе започнат од почеток.  

Слабости за законот

Републичкиот обвинител Љубомир Јовески вели  дека случаите на враќање на почеток на повеќе предмети е слабост на Законот за кривична постапка. Тој предлага  да се разгледаат други решенија за да се надмине овој проблем. Јовески смета дека кога ќе дојде до промена во составот на судечкиот совет, наместо да се враќа предметот на почеток, треба да се даде време на новиот член да ги разгледа предметите. Или, пак, да се да се даде соодветна можност на судијата-поротник да постапува по тој предмет се до завршување на предметот без разлика што наполнил определена возраст. Според обвинителот,  враќањето на дел од предметите на СЈО значително ќе го пролонгира времето до изрекување на пресуда, но очекува Основниот кривичен суд во Скопје да им даде приоритет на овие предмет. 

-повеќе на темата: СЈО замина во историјата- дали со него ќе заминат и предметите?

Премиерот Зоран Заев деновиве изјави дека ниту еден предмет покренат од СЈО нема да се изгуби со враќањето на повторно одлучување поради заминување во пензија на поротник. „Во законите кога поротник оди во пензија или го завршува својот мандат, де факто предметот се враќа на повторно одлучување. Но, има пракса, на едно рочиште се исчитуваат сите претходни докази, сведочења, искази и веднаш се враќа постапката на старо. Тоа е надежта дека ниту еден предмет нема да се изгуби, нема да го сопрете човек кој што сака да оди во пензија и да го држите надвор од неговите услови за пензионирање“, изјави Заев.