1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жените во Саудиска Арабија добија право на глас

25 септември 2011

Од 2015 година во Саудиска Арабија ќе можат да гласаат и жените. Тие ќе имаат право на учество на локалните избори, соопшти саудискиот крал Абдула.

https://p.dw.com/p/12gBv
Жените во Саудиска Арабија ќе можат да гласаатФотографија: AP

Во годишното обраќање пред консултативниот совет во Саудиска Арабија - Шурата, кралот Абдула изјави дека жените ќе имаат право и да се кандидираат на изборите за Шурата.

„Ние се противиме на маргинализацијата на жената во општеството во оние места што се во согласност со одредбите на шеријатското право, па затоа решивме, по консултацијата со врховните верски водачи, да ги вклучиме жените како членови во работата на Шурата“, изјави денеска (25.09) кралот Абдула.

Саудиска Арабија е единствена муслиманска земја во која жените досега немаа право да гласаат. Експертите за Блискиот Исток оценуваат дека станува збор за „исклучително значен и радикален потег“, што за оваа земја има „историско значење“.

Автор: ЕМФ/дв/миа

Редактор: А. Трајковска