1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жестоки судири во Газа

8 април 2007
https://p.dw.com/p/AgG4

Во жестоките престрелки во појасот Газа, израелската армија застрелала еден Палестинец. Авијацијата истрелала најмалку две ракети од воздух врз седишта на терористите во близина на бегалскиот капм Џабалја. Палестинците одговориле со гранати. Сведоци велат дека се ова најжестоките судири по примирјето од минатиот ноември. Палестинскиот претседател Махмуд Абас ги повика екстремистите да ги запрат ракетните напади врз Израел. Египет апелираше до двете страни да не дозволат да бидат вовлечени во ново насилство.