1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Живееме во корумпиран свет

17 ноември 2009

Најмалку корумпирани земји во светот се Нов Зеланд, Данска и Сингапур, а најмногу Бурма, Авганистан и Сомалија. Според индексот за корупција на Транспаренси интернешнл, Германија, како и лани, е на 14-то место.

https://p.dw.com/p/KZ6v
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Според индексот на Транспаренси, една земја може да добие од еден до 10 бодови. Притоа, за најдобрите со најмалку корупција се предвидени 10 бода, додека за најкорумпираните 1 бод. Повеќето од земјите кои годинава се најдоа на скалата за корупција, имаат помалку од пет бода, што говори за висок степен на корупција во светот. ОН проценуваат дека економската штета од корупцијата годишно изнесува 1,6 милијарди американски долари.

Германија има осум бодови и се наоѓа, како и лани, на 14 место. Претседателот на „Транспаренси интернешнл“ за Германија, Силвија Шенк, изјави дека проблематични сфери во земјата се работата на лобистите, градежништвото и се‘ уште неприлагодената регулатива која треба да ја третира корупцијата на пратениците. На прашањето дали економската криза може да ги влоши состојбите, Шенк одговара:

Transparency International Logo

„Сметаме, според она што ни‘ го велат експертите, дека економската криза значително ќе го зголеми ризикот за корупција, затоа што се‘ повеќе претпријатија сакаат да склучат договори по секоја цена и никој не прашува како до договор се дошло. “

Во ЕУ има и најдобри и „фенерџии“

Во земјите на ЕУ има и земји со многу малку корупција, но и такви со огромни проблеми. Данска, Шведска и Финска се меѓу најдобрите во светот и имаат најмалку корупција, веднаш зад Нов Зеланд. Но, Бугарија, Романија и Грција се наоѓаат на средината на листата за корупција. Грција од 4,7 бодови лани, годинава паднала на 3,8 бода, а Романија има исто така 3,8 бода со тоа што во земјата и не е забележан напредок во борбата против корупцијата. Бугарија е на пат на подобрување, но со оглед на тоа што податоците се собрани уште во текот на минатата пролет, ова подобрување не е земено предвид, па индексот изнесува исто така 3,8.

Автор: ЕМФ/АТ/епд/дв

Редактор: Жана Ацеска