Живот во „кутија за чевли“
13 мај 2017Хонг Конг, на најновата листа на магазинот Економист се наоѓа на второто место на најскапи градови за живеење во светот, веднаш зад Сингапур, а пред Цирих, Токио, Осака, Сеул, итн. Посебно високи се цените на станарините во овој кинески град. Голем број вработени луѓе не можат да си дозволат животен комфор. Околу 30 проценти живеат во неадекватни станови, а близу 200 илјади жители на градот мораат да се задоволат со минијатурни станови, кои погрдно се нарекуваат „кутии за чевли“, „ковчези“, но кои многу бргу стануваат нормално нешто со оглед на брзорастечките цени за издавање на станбениот простор во Хонгконг. Новата градска управа презема мерки за да ја промени ваквата ситуација, со изградба на нови станбени единици. Близу 300 илјади семејства веќе се имаат пријавено за ваквите градски станови.