1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жилави преговори за иднината на Кипар

АТ/ ртр/дпа24 март 2013

Кој колку треба да придонесе? Преговорите меѓу Кипар и донаторите за пакетот мерки финансиска помош се тешки. Времето притиска, но на Никозија се чини не и‘ се брза.

https://p.dw.com/p/183K2
Фотографија: picture-alliance/Stephan Persch

И покрај зголемениот временски притисок во преговорите меѓу владата во Никозија и меѓународната Тројка донатори (ЕУ, ММФ и ЕЦБ), засега нема договор.

Разговорите за избегнување државен банкрот ,според кипарската влада, се наоѓаат во „деликатна фаза“. Кипарската новинска агенција ЦНА и државното радио, повикувајќи се на владини кругови, известуваат дека има компликации. Претставниците на ММФ поставувале постојано нови барања.

Доцна синоќа (23.03) претставниците на Тројката ја напуштија претседателската палата, а претседателот Никос Анастасијадес денеска патува за Брисел, за со еврогрупата да разговара за избегнување банкрот на Кипар. ЕЦБ бара концепт за санација, оти во поинаков случај ќе биде запрен дотокот на пари за Кипар.

Централна точка на разговорите е принудното оданочување на банкарските депозити на најголемата кипарска банка, Bank of Cyprus. Таму руските олигарси депонирале износи во милијарди. За планираната висина на еднократните даноци има различни гласини. Новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на вискорангирани владини претставници, информира дека веќе била постигната согланост за оданочување од 20 проценти на депозитите над 100.000 евра. Клиентите на другите кипарски банки за износи од над 100.000 евра ќе треба да платат 4 проценти. Весникот „Катимерини“ известува, дека ќе биде воведен принуден данок за заштедите во Bank of Cyprus меѓу 18 и 22 проценти.

Zypern Bankenkrise
Фотографија: AFP/Getty Images

Претставниците на Тројката не дадоа никаков коментар за јавноста. Кипарскиот министер за финансии Михалис Сарис претходно рече дека е постигнат значителен напредок во преговорите, но дека имало уште некои теми кои не биле разјаснети.

Кипар мора да собере 5,8 милијарид евра за да добие помош од десет милијарди евра од меѓународните донатори. Европската централна банка најави дека само уште до понеделник (25.03) ќе стави на располагање пари за кипарските банки. Потоа пари ќе бидат ставени на располагање само ако има концепт за санација.

Кипар е соочен со големи проблеми поради предимензионараниот банкарски сектор. Критичарите и‘ префрлуваат на земјата дека со ниски даноци, вискои камати и слаби контроли против перењето пари привлекла дубиозни вложувачи.