1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жртви во земјотресот во северна Италија

АТ/ дпа/ дв 20 мај 2012

Земјотрес со јачина од 5,9 степениденеска (20.05) ја погоди северна Италија. Животот го загубија шест лица, а причинета е и пoголема материјална штета.

https://p.dw.com/p/14ywh
Фотографија: Reuters

Силен земјотрес кој утрово го погоди регионот Емилија Романа во северна Италија однесе шест човечки жиивоти. Засега нема точни информации за бројот на повредени, но се претпоставува дека најверојатно се повредени десетици лица.

Првиот земјотрес што го погоди регионот имаше јачина од 5,9 степени, по што следуваа „афтершокови“, земјотреси со помала јачина од 3,3 степени и 2,9 степени.

Италијанската телевизија емитуваше слики од оштетени згради, а на многу улици има урнатини. Очевидци информираат дека се урнале згради, цркви и кули. Некои луѓе во паника во пиџами истрчале на улиците. Страв почувствуваа и жителите на Милано. Во Венеција не се регистрирани штети. Властите ги повикаа граѓаните на погодените региони во прво време да не се враќаат во домовите.

Епицентарот на земјотресот, според италијанскиот Национален институт за геофизика и вукланологија, бил во рамницата на По, на длабочина од околу десет километри.

Земјотресот е втор поголем во регионот годинава. Во јануари, земјотреси со јачина од околу 5 степени, можеа да се почувствуваат во Џенова, Болоња, Торино и Милано. Тогаш немаше повредени луѓе. Последниот голем земјотрес ја погоди Италија во 2009 година, во градот Лаквила. Животот тогаш го загубија 300 луѓе, а десетици илјади останаа без домови.