1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Жртви и повредени во автобуска несреќа во Германија

ЖА
3 јули 2017

По автобуската несреќа на автопатот А9 кај Минхберг во Баварија, полицијата стравува дека настрадале сите 18 патници кои се водеа за исчезнати. Повредени се 30 лица.

https://p.dw.com/p/2fouC
Deutschland Busunfall auf der A9
Фотографија: picture-alliance/dpa/News5/Fricke

Автобусот кратко по седум часот утрово се судрил со камион на автопатот А9 во близина на Минхберг, по што се запалил и целосно изгорел, останат е само јагленосаниот скелет од возилото. Во автобусот се наоѓале 46 патници и двајца возачи. 18 лица, кои се водеа за исчезнати, веројатно загинале во несреќата, соопшти полицијата, а 30 луѓе се повредени, од кои две се во потешка состојба. Туристичката група доаѓала од Саксонија. Експерти од судска медицина во меѓувреме трагаат по остатоците од настраданите патници. Полицијата, надевајќи се сѐуште дека сепак има уште преживеани, неколку часа не го соопштуваше бројот на жртви. „Можно е некој во состојба на шок да се спасил трчајќи“, изјави полициски портпарол. На теренот биле ангажирани околу 200 припадници на службите за итна помош, противпожарникарската служба, полицијата и неколку спасувачки хеликоптери.

18 туристи загинаа во автобуска несреќа