1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Забавување на економскиот подем на Бразил

7 март 2012

За само 2,7 проценти пораснал брутодомашниот производ на Бразил во 2011 година. Причина, меѓу другото, е намалената побарувачка на суровини од Европа. Сепак, земјата и натаму е на успешен курс.

https://p.dw.com/p/14GEh
Фотографија: AP

Новинарите сега ги имаат фактите црно на бело. Бразилскиот брутодомашен производ во изминатата година пораснал за само 2, 7 проценти. Во 2010-та година стопанството на земјата забележа раст од цели 7,5 насто. Намалената побарувачка од страна на Европејците тешко ја погодува бразилската економија. Таа извезува пред се’ суровини како железна руда, или пак нафта.

„Кога повеќе варијабли ќе загубат на полет, како на пример побарувачката, тоа има последици врз индустријата. Тоа сега го гледаме во производниот сектор“, вели Роберто Олинто од Државниот завод за статистика на Бразил.

Industrie-Erzeugnisse aus Brasilien
Фотографија: AP

И политиката на бразилската централна банка ја погодува бразилската економија. Во борбата против инфлацијата таа ја подигна референтната каматна стапка на преку 10 проценти. Со тоа за домашните претпријатија е многу поскапо да позајмуваат пари.

И покрај актуелните проблеми Бразил и натаму економски напредува. Во изминатата година земјата ја надмина Велика Британија и стана шеста по големина економија во светот.

Автор: Ралф Јакел / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска