1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заборавеното наследство на Афро-Турците

Петер Копен
23 јули 2019

Тие се Турци и - црнци. Потомците на африканските робови се малцинство во турското општество. Сега се обидуваат да се соочат со минатото.

https://p.dw.com/p/3MbbB
Türkei afrikanisch-türkische Gemeinschaft in Izmir
Фотографија: Bradley Secker

Турците со африканско потекло се потомци на робовите донесени во Турција во 19. век. 

Некои Афро-Турци ги знаат своите корени. Шакир Доѓулер објаснува:

„Досега не бевме во состојба да кажеме кои сме точно. Се разбира, Турци сме, родени сме овде, но тука се крие нешто повеќе. Нешто секогаш недостигаше.“

Јалчин Јаник верува дека неговите предци дошле од Танзанија: „И да сакаш да истражуваш, од тоа време речиси и не постојат документи.“

Неговите деца за историјата на африканските робови не учеле ништо на училиште. Афро-Турците основаа здружение кое треба да открие нешто повеќе за нив. 

„Кога и да сретнеме луѓе од Нигерија или Судан овде, во Турција, ги каниме и бараме да ни раскажуваат за својата култура и земји. Се разбира, сакаме да отпатуваме и лично во Африка. И, еден ден можеби тој сон ќе се оствари.“

Заборавеното наследство на Афро-Турците