1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Забраната за влез во САД привремено во сила

СН/ агенции
5 декември 2017

Успех за претседателот Трамп: Најновите ограничувања за влез на луѓе од шест претежно муслимански земји, усвоени од администрацијата на Трамп, привремено се прогласени за важечки од страна на Врховниот суд.

https://p.dw.com/p/2olST
USA Trumps Einreiseverbot
Фотографија: Getty Images/D. McNew

Врховниот суд на земјата во целосен опсег ја стави во сила најновата верзија на декретот на претседателот Доналд Трамп. Сепак, одлуката е само привремена, во очекување на тековните жалби против декретот, соопшти Врховниот суд во Вашингтон. Значи Врховниот суд сака уште посеопфатно да се позанимава со указот.

Трамп ја потпиша третата верзија на декретот на 25-ти септември. Таа содржи ограничувања за влез за граѓаните од претежно муслиманските држави Иран, Јемен, Либија, Сомалија, Сирија и Чад. Покрај тоа, на сите граѓани на Северна Кореја и на владини претставници од Венецуела им е забрането влегување во САД. Владата на Вашингтон тврдеше дека овие земји не ги исполнуваат барањата на САД за достаточни безбедносни проверки на барателите на виза и размената на информации.

USA Präsident Donald Trump
Фотографија: Reuters/J. L. Duggan

Трамп во септември рече дека сака да ја намали заканата од тероризам за САД. Политичките противници на неговите укази во нив гледаат дискриминација. Забраната за влез требаше да стапи во сила на 18-ти октомври, но беше одложена од страна на пониските судски власти. Ова е веќе трета ваква мерка која ја воведе Трамп. Уште во двете други забрани судовите ги попречија плановите на претседателот. Додека ограничувањата во првите два декрета беа временски ограничени, одредбите од најновиот указ треба да важат неопределено време.

Исклучени од забраната за влез за граѓаните од шесте држави се луѓето кои можат да „докажат блиски односи со лице или институција во САД". Ова важи за бабите и дедовците, внуците, браќата и сестрите,чичковци и тетки, внуци и внуки, како и братучеди на странци кои живеат во САД. Односите со некој универзитет или работодавач ќе мора да бидат „документирани" за да се добие виза.