1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заврши заложничката драма во Беслан

3 септември 2004

Најмалку десет лица загинаа а 310 се повредени во акцијата на руските сили за ослободување на стотиците киднапирани во училишната зградa во градот Беслан во руската република северна Осетија. Во моментов руските сили водат жестоки престрелки со 13 екстремисти кои успеаа да побегнат од училиштето и се наоѓаат забарикадирани во еден станбен објект.

https://p.dw.com/p/AcLV
Родители изнесуваат деца од училиштето во Беслан
Родители изнесуваат деца од училиштето во БесланФотографија: dpa

Жестоки претсрелки се слушаат од оклината на станбен објект во градот Беслан каде се сокриени 13 од терористите кои успеаа да побегнат од училиштето при акцијата на руските сили. Според последните информации најмалку 10 лица, меѓу кои петмина киднапери загинале а околу 300 меѓу кои има и деца се повредени. Според непотврдени информации бројката загинати е поголема. Поголем дел од нив се наоѓаат во болница во Владикавказ а останатите во Беслан

Руските сили во мометов целосно ја контролираат состојбата во училиштето. Неколку хеликоптери ја надлетуваат зградата каде се сокриени терористите, во чија околина се распордени и тенкови.

Акцијата во училиштето според информациите руските сили ја започнаа непланирано околу 11.30 минути, кога дел од заложниците почнаа да бегаат од спортската сала, од каде се слушнаа три силни експлозии, притоа биле заробени две жени терористи. Во тие моменти владееше хаос

Акцијата за спасување на според некои информации 1500 заложници заврши околу 14 часот. Засега е непознато дали објектот и неговата околина за коi има информации дека се минирани е целосно обебзеден. Веќе стигнаа и првите реакции за заложничката драма. Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер ја осуди како злосторство заложничката драма.

„Работите во моментов очигледно се развиваат на многу опасен начин. Се надевам дека заложниците, пред се децата ќе можат неповредени да се вратат дома. Од овде, од далеку тешко може да се даде проценка, но станува збор за ужасно злосторство кое заслужува најостра осуда„ рече Фишер

Европската Унија која изрази загриженост заради акцијата, ја разбира состојбата во која се наоѓаа руските власти. Данскиот министер за надворешни работи Бернард Бот изрази жалење што заложничката драма не заврши по мирен пат.

Заложничка драма во Беслан започна пред три дена , кога напаѓачите извршија упад во училиштето каде се одржуваше свеченост по повод почетокот на новата учебна година. Киднаперите бараа повлекување на федералните сили од Чеченија и ослободување на 27 лица одговорни за Јунските напади во Ингушија во кои загинаа 80 лица.