1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заврши климатската конференција во Наироби

18 ноември 2006

По двонеделни разговори на кои учествуваа над 6000 делегати од 190 земји заврши 12-та климатска конференција во Најроби во организација на ОН. Но, на конференцијата не беа постигнати големи резултати сметаат аналитичарите. Хенрих Боме известува од крајот на конференцијата.

https://p.dw.com/p/Advk
Кофи Анан учествуваше на конференцијата
Кофи Анан учествуваше на конференцијатаФотографија: AP

„Ја прогласувам конференцијата за завршена“, изјави Кивута Кибвана, министерот за екологија на Кенија. Тој беше уморен но среќен кога во петокот навечер повторно удри со дрвеното чеканче на масата, означувајќи го крајот на средбата. За него и за претставниците на останатите земји во развој конверенцијата секако беше успешна со оглед на фактот дека за првпат на една климатска конференција во центарот на разговорите беа проблемите на сиромашните земји. На овие земји, кои се најмногу погодени од затоплувањето, им е ветена помош за надминување на последиците од овој процес. Задоволен е и германскиот министер за екологија:

„Достигнавме редица напредоци, меѓу кои и договор за Адаптивниот фонд, потоа нашата иницијатива според која обновливите енергии треба да се искористат во Африка. Сето ова е напредок. Според мене неповолно беше тоа што има многу различни престави околу тоа што треба да се прави по 2012 кога истекот на договорот за емисија на штетни гасови,“ рече министерот Зигмар Габриел.

Во Наироби беше одлучено да се формира фонд на ЕУ од 100 милиони евра кој ќе се искористи за изцрпување на обновливите енергии во земјите во развој, особено во Африка. Но, нејасно остана како ќе се справуваат земјите со проблемот на емисија на штетни гасови по 2012 година кога истекува договорот од Кјото. По жестоката дебата и многуте различни мислења, последната вест е дека министрите сепак постигнале компромисно решение. Договорот од Кјото да се ревидира во 2008 година.