1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заврши конгресот на Комунистичката Партија на Кина

Ruth Kirchner21 октомври 2007

Во идниот нов Централен комитет, веќе нема да бидат застапени повеќемина влијателни политичари кои заминуваат поради старост. Меѓу нив и потпретседателот Ченг Чинг Хонг

https://p.dw.com/p/BtBk
Фотографија: AP

17 конгрес на Комунистичката партија на Кина заврши како што започна,со говор на партискиот шеф и претседател на државата Ху Џинтао

“Сите другари треба многу тесно да се поврзат со централниот комитет на партијата и високо да ја држат паролата на социјализмот со кинески белези“

Меѓутоа веста на денот Ху Џинтао не ја соопшти. Стотиците новинари мораа да се информираат преку државната агенција Хсинхуа за заминувањето на некои од политичарите од партискиот централен комитет, пред се поради старост. Меѓу нив и потпретседателот Ченг Чинг Хонг. Овој 68 годишен политичар вашеже за човек од доверба на претходникот на Ху, Џијанг Цемин.

Тој не само што нема да биде член на централниот комитет, туку заминува и од политбирото и неговиот постојан одбор кој всушност вистинскиот центар на моќта во Кина.

Од ова тело заминуваат уште двајца високо рангирани политичари. Со тоа се ослободуваат места во највисокото партиско тело за помладата генерација. Набљудувачите се надеваат дека меѓу новите членови, кои треба да бидат познати во понеделник, треба да се бара клучот за наследникот на Ху Џинтао за пет години.

Едногласна поддршка на промените

Инаку изборот на 204 члениот централен комитет се одвиваше зад затворени врати. Според државната агенција имало 8% повеќе кандидати од бројот на места. Гласањето се одвиваше со кревање рака. Се разбира сите гласаа за, немаше воздржани. 100% согласност имаше и за измена на партискиот устав.

Освен тоа, 2 илјади и 200 делегати, усвоија нов концепт за развој на земјата што го предложи претседателот Ху Џинтао. Во него се истакнува поголемото внимание кон човековата околина, како и социјално балансиран економски развој.

Партискиот конгрес заврши во добро познатиот социјалистички манир со пеење на интернационалата.