1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заврши конференцијата во Минхен

11 февруари 2007

Денеска на пладне, на завршницата од Конференцијата за безбедност во Минхен, доминираа проблемот со иранската атомска програма и дијалогот меѓу Русија и САД околу системите за против ракетна одбрана што треба да се инсталираат во земјите од Источна Европа.

https://p.dw.com/p/AbzK
Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс на Конференцијата во Минхен
Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс на Конференцијата во Минхен

Главниот преговарач на Иран за атомската програма, Али Лариџани, во говорот на крајот од Конференцијата порача дека неговата земја ќе продолжи со развивањето на мирнодопската атомска програма, наспроти сите закани со санкции. Тој истовремено нагласи дека неговата земја е принципелно против атомско оружје во регионот:

„Јасно најавивме дека во нашата безбедносна доктрина нема место за нуклеарно и хемиско оружје. Ние знаеме дека ако создадеме атомско оружје, дека тогаш големите сили ќе натрупаат нуклеарен потенцијал во соседните земји околу нас, што ќе доведе до засилерна трка во вооружување во регионот. Освен тоа загрижени сме дека терористи би можеле да дојдат во посед на вакво оружје.„

Лариџани уште порача дека неговата земја е отворена за предлози. Со неговиот говор на конференцијата беа поврзани големи надежи на меѓународната заедница, бидејќи на 20. овој месец истекува рокот на ОН по кој е можно заострување на санкциите против Иран.

Германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин во вчерашните говори побараа промена на курост на официјален Техеран во врска со атомската програма.

Втора тема што остана во фокусот на вниманието до завршницата беше критиката на Путин на сметка на американската политика на непочитување на меѓународното право и договори, особено оној за разоружување. Повод се намерите на НАТО да инсталира системи за анти-ракетна одбрана во Полска и Чешка. На острите збори на Путин, кои зазвучаа помалку како од минатите времиња на студената војна, новиот американски министер за одбрана Роберт Гејтс возврати:

Русија е наш партнер, но им се чудиме на некои нејзини одлуки што ја загрозуваат меѓународната стабилност. На пример испораките на оружје за некои земји и обидот енергетските ресурси со кои располага како нафтата, да ги користи како политичко оружје. Русија не треба да се плаши од демократски држави на нејзините граници„ – додаде Гејтс алудирајќи на скепсата на Москва во врска со натамошното ширење на НАТО кон Исток. Тој повика и на безбедносно-политичко партнерство со Русија, нагласувајќи дека една „студена војна„ била доволна.