1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Заврши потрагата по преживеани од земјотресот во Албанија

ЕМФ | агенции
30 ноември 2019

Потрагата и операциите за спасување на преживени од земјотресот во Албанија завршија, соопшти денеска албанскиот премиер Еди Рама.

https://p.dw.com/p/3U0kh
Albanien Durres nach Erdbeben
Фотографија: Reuters/F. Goga

Според информациите со кои досега се располага, во катастрофалниот земјотрес се загинати 50 лица, а повредени се околу 2000. Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека се оштетени 1.465 објекти во Тирана и околу 900 во Драч. Околу 4000 луѓе се останати без покрив над главата. 2500 луѓе од оштетените објекти се сместени во хотели, додека останатите се пренесени во Косово или се преместени во источните делови на Албанија.

Edi Rama, Premierminister
Еди Рама вети „поцврсти домови“Фотографија: Getty Images/AFP/G. Shkullaku

Албанскиот премиер денеска им вети на сите кои останаа без дом дека во 2020 година ќе имаат „поцврсти домови“.

Еден од сериозно оштетените објекти е целно урнат, а истото ќе се случи и со десетици други објекти. Во процесот на проценка на стабилноста се вклучени експерти од Грција, Франција, Италија, Унгарија, Бугарија, Литванија и Летонија.

Повеќе:

Земјотресот кој ризикува да нѐ помири

Умира надежта за преживеани во Албанија„Албанија е постојано загрозена од земјотреси“

Албанија: „Ги дофативме децата и трчавме!“

Според предлог законот кој треба да биде донесен во Албанија, сите инвеститори, архитекти и супервизори ќе бидат соочени со затворски казни од 7 до 15 години доколку не се почитуваат законските прописи.