1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заврши Светскиот ден на младите

21 август 2005

Еден милион луѓе пред вратите на Келн, денеска ја следеа завршната миса на Светскиот ден на католичката младина, со која целебрираше папата Бенедикт 16-ти. На Мариенфелд папата ги повика младите на поголем социјален ангажман. Христијанство што се живее значи подготвеност да се дели, да му се помогне на ближниот, рече папата. На мисата, поркај младите аџии, присуствуваа и повеќе илјади кардинали, бискупи и

https://p.dw.com/p/AcDA
Фотографија: AP

�вештеници.

“Да се помолиме!“

За крај уште еднаш – гигантска прослава на верата. На завршната миса на Мариенфелд, простор пред портите на Келн, се собраа околу милион млади аџии. Славејќи му отвораа пат на папата. Моментот кога морето луѓе се повлече за да мине папамобилот наликуваше на библиска слика.

На крајот на својата посета, папата целебрираше со света миса. Во својата молитва на пет јазици тој ги охрабри верниците да ја носат и натаму радосната порака на Исус:

“Во големи делови од светот денеска има забележително одвраќање од бога. Се чини дека се оди и без него. Но, истовремено има и чувство на фрустрација, незадоволство со се и поради се – тоа не може да биде живот. Навистина не!“

Бенедикт упати критики на комерцијализација на религиозното. Неговиот апел гласи:

“Помогајте им на луѓето да ја откријат вистинската ѕвезда која ни покажува – Исус Христос.“

Најавувајќи дека наредниот Светски ден на младите ќе се одржи во Сиднеј, Австралија, во 2008 година, папата на насобраните млади аџии, за учеството и покажаната поврзаност со верата, им се заблагодари на француски, англиски, шпански, италијански, полски, португалски, филипински јазик и свахили. И се разбира на неговиот мајчин – германски.

“Одете по вашите патишта единствени. Остенете им верни на Христос и црквата. Мирот и радоста христова нека бидат со вас.“

Одушевување на младите собрани од 200 земји во светот. Стотици различни знамиња, Извици на десетици различни јазици. За еден од младите аџии, кои ја минаа ноќта на Мариенфелд најважно е заедништвото:

“Знамињата се симбол на државите, националностите, но најважното е што овде сите националности се дојдени за да му заблагодарат на господ и да се помолат.“

Друг го коментира папата:

“Многу е човечен, неговиот начин, неговата ендоставност..“

Трет е убеден:

“Мислам дека мојата верба со ова е повторно засилена.“

Папата Бенедикт 16-ти си заминува од Келн вечерва. Во првите реакции по завршувањето на Светскиот ден на младите се слушнаа и такви – дека ова беше перфектна демонстрација на Ватикан. Но, старото правило вели - секоја перфекција има по некоја несовршеност. Овојпат тоа беше малата незгода со скалата од папамобилот која откажа во последен момент, па Бенедикт 16-ти мораше да се симне преку дрвена кутија покриена со ќебе, која, веднаш снаоѓајќи се, на располагање ја ставија германските хуманитарци на Мариенфелд.