1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заврши четвртата рунда преговори за Косово

6 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C35x

Во Виена заврши четвртата рунда преговори меѓу претставниците на Белград и Приштина и преговарачите од меѓународната тројка. По средбата беше соопштенео дека ќе се продолжи со барањето решение со двете страни за да се постигне договор. На средбата предговарачкиот тим на Белград предложи, во контекст на изнаоѓање на решение за иднисот статус на Косово да се разгледа моделот на Хонг Конг, приштинскиот тим ја отфрли оваа опција. Предлогот е збунувачки и непримерен изјави синоќа портпаролот на косовскиот преговарачки тим Скендер Хисени. Наредната средба е закажан за 20 ноември во Брисел.