1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ФудбалГерманија

Завршница на Лига Европа во Германија

СН/дв
8 август 2020

Четири германски градови се домаќини на завршната фаза на Лига Европа. Тие се подготвени да испорачаат уште еден успешен фудбалски турнир, во услови на пандемија на коронавирусот.

https://p.dw.com/p/3gRxZ

Веќе два натпревари од осминафиналето неделава се одржаа на неутрален (германски) терен, како загревање за четвртфиналето, полуфиналето и финалето на Лига Европа.

Стадионот на Шалке во Гелзенкирхен беше возвратениот меч Интер-Хетафе а стадинот во Дуизбург на натпреварот Севиља-Рома. 

Освен во Гелзенкирхен и во Дуизбург преостанатите натпревари од завршницата на Лига Европа ќе се играат и во Дизелдорф и во Келн.

„Бум“ на виртуелниот спорт во пандемијата

Повеќе:

-Спроти стартот на Бундеслигата- профитот поважен од здравјето?

-Коронавирус: Во Германија ќе се игра и фудбал

-Германците скептични околу старт на Бундеслигата

Четвртфиналните двојки кои ќе ги одмерат силите  на 10 и на 11 август  се следниве:

Манчестер Јунајтед – Копенхаген

Интер – Баер Леверкузен

Шахтјор Доњецк – Базел

Вулверхемптон – Севиља

Повеќе за четирите градови- домаќини на корона-завршницата без гледачи на Лига Европа погледнете во насловното видео.