1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Загриженост по пресудата за Пуси Рајот

СН/БГ/ап/ртр/мф/дпа18 август 2012

Одлуката на судот во Москва за двегодишна затворска казна за членките на рускиот панк бенд Пуси Рајот предизвика остри меѓународни реакции. Руската православна црква ја повика државата да биде милостива кон музичарките.

https://p.dw.com/p/15sEi
Фотографија: picture-alliance/dpa

Белата Куќа изрази разочарување од вчерашната пресуда во Москва. Портпаролот Џош Ернест рече дека САД се сериозно загрижени поради начинот на кој рускиот правосуден систем ги третира трите обвинети млади жени. Како што наведува агенцијата Асошиејтед прес, пресудата преставува крај на судењето кое ширум светот се толкува како како симбол на нетолерирањето на поинаквото мислење во Русија. Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле изјави:„Уверен сум дека оваа пресуда не е само пресуда за тешки и неправедно осудените три млади жени, туку и пресуда која го погодува развојот на цивилното општество во Русија, и дури застрашува и тоа е она што најмногу не загрижува“, истакна Вестервеле. Поради пресудата против Пуси Рајот беа организирани протести во многу градови во светот а на протестот пред судот во Москва вчера е уапсен и познатиот руски шахист Гари Каспаров кој дојде да им изрази поддршка на членките на бендот.

РПЦ бара државата да покаже милост

Foto: Egor Vinogradov, August 2012, Moskau
Фотографија: DW

Надежда Толокоњикова, Марија Аљохина и Кекатерина Самуцевиќ се осудени на по две години затвор за хулиганство , откако во февруари во црквата Христос Спасителот , изведоа перформанс во кој отпеаа песна со наслов „ Богородице, прогони го Путин“.

Руската православна црква вчера ја повика државата да биде милостива кон членките на панк групата Пуси Риотс.
На овој начин Руската црква ја отвора можноста за поддршка на евентуално
помилување или намалување на казната.
Црквата ги повтори критиките на сметка на осудените музичарки, додавајќи
дека нивниот настап во катедралата на „Христос Спасителот“ бил „светогрдие“
и израз на „грубо непријателство кон милиони луѓе“.
„Не доведувајќи ја во прашање правичноста на судската одлука, ги повикуваме
државните власти, во рамки на законот, да бидат милостиви кон осудениците,
со надеж дека нема да повторат вакви дела“, се вели во соопштението од
црквата.
Но, за да се случи такво нешто, девојките најпрво треба да побараат прошка и
да ја признаат вината, што претходно го одбиваа.