1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зад нападот најверојатно стои Норвежанец

23 јули 2011

Триесетгодишник, непријателски расположен кон исламот, е осомничен дека е извршителот на двата напада со смртни последици вчера во Осло и околината, соопшти денеска норвешката полиција, не наведувајќи директни мотиви.

https://p.dw.com/p/1229h
Убиени повеќе лица во центарот на ОслоФотографија: dapd

Најмалку 91 лице загина во вчерашните напади во норвешкиот главен град Осло. Осумесет и четири лица се убиени во вчерашниот оружен напад на младинскиот собир на островот Утоја во близина на Осло, соопшти норвешката полиција. Портпаролот на полиицијата истакна дека голем број лица се ранети, од кои некои се во мошне тешка состојба, при што не е исклучена можноста бројот на жртвите да се зголемува.

Во бомбашиот напад во центарот на Осло, пред зградата каде се наоѓа канцеларијата на норвешкиот премиер, загинаа седум лица.

Уапсениот бомбаш е обвинет за убиствата на островот и во Осло

Полицијата соопшти дека уапсениот осомничен напаѓач од Утоја бил официјално обвинет како за убиствата на островот, така и за бомбашкиот напад во центарот на Осло.

Според норвешките весници, станува збор за 34-годишниот Андерс Беринг Брејвик. Тој веќе бил сослушан од полицијата и изразил подготвеност да соработува.Засега не се констатирани знаци на психолошка нестабилност кај уапсениот. Тој служел во армијата и бил член на стрелачки клуб.

Norwegen / Insel Utoya / Utøya / Anschlag / NO FLASH
Масакр на островот УтојаФотографија: AP

Според претставник на норвешката полиција напаѓачот има десничарска и антимуслиманска ориентација. Директорот на националната полиција на Норвешка Свејнунг Спонхајм изјави дека на Фејсбук профилот на напаѓачот има објавено содржини од кои произлегуваат сомневањата дека тој има крајно десничарски и антимуслимански ставови, но засега не е познато дали тоа се мотовите за извршените напади.

Норвешкиот премиер Јенс Столтенберг изјави денеска на прес-конференција дека двата напади се национална трагедија за Норвешка и најтешкиот чин на насилство по Втората светска војна.

Тој нагласи дека во неговиот вчерашен распоред било вклучено и обраќање пред учесниците на летниот камп на младинската организација на Норвешката работничка партија.

„За мене островот Утоја е рајот на моето детство, кој сега се претвори во пекол“, рече Столтенберг.

Столтенбер и министерот за правда Кнут Сторбергет, кој исто така присуствуваше на прес-конференцијата, најавија дека се‘ уште е рано да се коментираат мотивите за вчерашните напади и додадоа дека тие се извршени од едно лице или од член на екстремистичка група.

„Во земјата не е зголемено нивото на опасност, но се разгледува можноста тоа да се стори“, изјави Сторбергет.

Автор: ЖА/ТТ/миа

Редактор: Трајче Тосев