1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заеднички против тероризмот

Каи Кистнер27 декември 2007

Пакистан и Авганистан сакаат потесно да соработуваат во борбата против тероризмот,се договорија претседателите на двете земји во Исламабад.Двете влади се на удар на критиката дека не се доволно цврсти кон исламистите

https://p.dw.com/p/Cgbr
Мушараф и Карзаи договорија потесна соработкаФотографија: AP
Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи топло се заблагодари за поканата кај својот пакистански колега.Иако тие двајцата се сојузници на западот во борбата против тероризмот,тие не важат и како најдобри пријатели,но Карзаи истакна: „Авганистан и Пакистан се близнаци.Повеќе од тоа,нивните тела се сраснати едно со друго.Тоа при одењето им причинува тешкотии на двајцата.Но,тие зависат еден од друг и од оваа вистина нема бегање.“ Всушност,судбината ги спои двете земји во една ни малку едноставна ситуација за маневри:Пакистан и Авганистан имаат долга заедничка граница и со тоа заеднички предизвик:исламскиот тероризам.Мушараф ги означи милитантите и терористите кои ја преминуваат границата за проблем: „Значи,мораме да соработуваме за да ја обезбедиме границата.Тоа се точки во кои мораме да делуваме заеднички,наместо да се бориме против екстремистите на двете страни на границата.“ Двете земји порано често си ја префрлуваа меѓусебно вината дека не прават доволно против терористите во непристапните гранични области.Карзаи постојано се жалеше дека Талибанците и борците на Ал Каеда наоѓаат прибежиште на пакистанската страна на границата и оттаму ги планираат нападите.За тоа вчера не стана збор.Наместо тоа,претседателот Карзаи рече: „На авганистанската страна на границата активностите на милитантите се намалија,а за жал,на пакистанската страна се зголемија.Знаеме дека постои проблем,со кој заеднички мораме да се справиме.“ Бројот самоубиствени напади во двете земји во оваа година рапидно се зголеми.Мушараф изјави дека се работи за терористичка закана која може да ги уништи двете земји.Затоа двата соседи мора да преземаат заеднички мерки.Воопшто,на средбата преовладуваа зборовите како заеднички и соработка: „Средбата протече многу добро,би рекол дури одлично.Ние навистина сакаме меѓусебно да си помогнеме,изјави пакитстанскиот претседател.“ Двајцата државници си ветија во иднина да ги подобрат односите.Од тоа ќе профитираат двете земји.

►◄