1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По САД, и Бундесверот се збогува со Авганистан

ЖА / агенции
14 април 2021

Германската влада смета со повлекување на Бундсверот од Авганистан до крајот на септември. „Време е нашите војници да ги вратиме дома“, изјави американскиот министер за надворешни работи Блинкен на НАТО самитот во Брисел

https://p.dw.com/p/3s06e
Symbolbild I Deutsche Soldaten in Afghanistan
Фотографија: Maurizio Gambarini/dpa/picture alliance

„Отсекогаш важеше: заедно влеговме, заедно ќе заминеме. Сега станува збор за синхронизирање на нашите планови со НАТО и со САД“, изјави германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер денеска за германскиот јавен сервис АРД, пред почетокот на вонредното заседание на НАТО во Брисел.

Американската влада вчера најави комплетно повлекување на американските трупи од Авганистан до 11 септември годинава, претседателот Џо Бајден тоа треба денеска да го официјализира.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас исто така присуствува на средбата во Брисел, каде освен Авганистан, на дневен ред е и темата Украина во светлината на најновите тензии на границата со Русија.

Хајко Мас за Авганистан разговара со своите колеги од САД, Велика Британија и претставник од Франција.

Тешко оштетена германската амбасада во Кабул

Американски владин претставник вчера ја означи 20-годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година како планиран краен датум за заминување на американсккте трупи од Авганистан.

Повеќе на темата:

САД: Повлекувањето од Авганистан и Ирак е неодговорен потег

Авганистан треба да биде лекција

Авганистан- вечниот рингишпил

Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен во Брисел иницирал заедничко повлекување на сите НАТО-трупи од Авганистан. „Време е нашите војници да ги вратиме дома“, изјавил Блинкен пред вонредната седница на министрите за одбрана и за надворешни работи на членките на Алијансата.

САД имаат намера заедно со сојузниците да отворат пат за „сигурно, обмислено и координирано“ повлекување“, за кое не се врзуваат никакви предуслови, што беше често случај порано.

Владата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во февруари 2020 година во Доха постигна договор со авганистанските талибанци со цел да ја заврши најдолгата воена мисија во американската историја, а како датум за повлекување беше одреден 1 мај годинава. Договорот предвидуваше безбедносни гаранции од страна на талибанците, како прекин на врските со Ал Каида и мировни преговори со авганистанската влада, исто така и прекин на нападите врз западните војници.

Талибанците се заканија со нови напади врз трупите на НАТО доколку не биде запазен терминот 1 мај, на што неодамна им беше упатено предупредување од силен одговор од страна на САД и сојузниците.

САД извршија инвазија во Авганистан по нападите од 11 септември 2001 година. Повремено таму беа стационирани до 100.000 американски војници, додека сега се преостанати само уште 2500. Германскиот Бундесвер партиципира во мисијата предводена од НАТО со 1100 војници.

Многумина експерти стравуваат од нов хаос во Авганистан по повлекувањето на западните трупи, посебно што мировните преговори меѓу талибанците и владата во Кабул досега не вродија никаков плод. 

Доналд Трамп од Авганистан