1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Законот за Брегзит на одлучувачко парламентарно гласање

СН/ агенции
8 февруари 2017

Во Долниот дом на британскиот парламент треба да се одржи конечното гласање за предлог-законот за Брегзит. Шкотскиот регионален парламент вчера гласаше против нацрт-законот на британската влада.

https://p.dw.com/p/2X9jR
Großbritannien David Cameron letzter Arbeitstag im Unterhaus
Фотографија: TV Out/via picture-alliance/dpa

Предлог-законот на владата на Велика Британија за излегување на земјата од Европската унија вечер ќе биде ставен на финално гласање во Долниот дом на британскиот парламент, за потоа да оди на гласање во Горниот дом. Британската премиерка Тереза Меј со тоа ќе добие овластување за покренување на „разводот“ од ЕУ. Се очекува пратениците во Долниот дом да го усвојат законот. При гласањето по првото читање, големо мнозинство од парламентарците се изјаснија за предлог-законот за Брегзит.  Обидите на опозицијата да издејствува промени во текстот на предлог-законот досега завршија без успех. Државниот секретар за Брегзит, Дејвид Џоунс најави дека британскиот парламент истотака ќе гласа и за договорот со ЕУ кој ќе биде постигнат по двегодишните преговори за излегување на Велика Британија од Унијата. Евентуално отфрлање на тој договор од страна на парламентот, меѓутоа нема да води кон дополнителни преговори.

Во меѓувреме пак регионалниот парламент на Шкотска во едно протестно гласање се изјасни против предлог-законот за Брегзит на британската влада. Со 90 гласови „за“ наспроти 34 „против“, парламентарнците во Единбург јасно се дистанцираа од предлог-законот.

Шкотскиот парламент против Брегзит

Шкотската регионална влада повика на ова гласање, иако тоа нема никаква правна тежина.

Врховниот суд на Велика Британија во минатата недела одлучи дека на владата во Лондон за планираното излегување од ЕУ ѝ е потребна само согласноста на Долниот и Горниот дом на британскиот парламент во Лондон.