1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Законот на посилниот

19 октомври 2009

Луѓето во сиромашните квартови на Рио де Женеиро веќе подолго време говорат за војна. За време на викендот судирите меѓу ривалските банди на дилери на дрога и полицијата ескалираа. Во претстрелките загинаа 12 лица.

https://p.dw.com/p/K9g9
Безредија во РиоФотографија: AP

Во сиромашните квартови на Рио де Жанеиро тоа е речиси секојдневна слика. Вооружени судири меѓу полицајците и бандите на шверцери на дрога се случуваат дури и среде бел ден.Тие овојпат беа предизвикани од полициската акција против група дилери на дрога.

Во текот на викендот воздушниот простор над сиромашните квартови на Рио, таканаречените фавели, беше затворен. Причина за тоа беше фактот дека бандите располагаат со најмодерно оружје, меѓу другото и со ракети. Една таква ракета погоди полициски хеликоптер, кој веднаш се запали.

unruhen in Brasilien
Пожарникари и полицајци на местото кадешто се урна полицискиот хеликоптерФотографија: AP

Во фавелите владее законот на посилниот

Пред да експлодира на пилотот му успеа принудното слетување. Четворица од патниците во хеликоптерот се спасија со тешки изгореници. Двајца полицајци загинаа.

Во сиромашните квартови на Рио владее законот на посилниот, значи најчесто на бандите на трговци со дрога. За време на викендот тие возвратија на полициската акција особено жестоко и меѓу другото запалија повеќе автобуси. Во меѓувреме, во критичните подрачја беа распоредени околу 4.500 полицајци како поддршка во судирот против шверцерите на дрога.

Дополнителните полициски сили се испратени за да се избегнат нови судири во сиромашните квартови на градот, изјави секретарот за безбедност во државата Жозе Мариану Белтраме.

Рио е едно од најопасните места во светот

Инаку, во престрелките меѓу ривалските банди и полицијата се’ почесто гинат и недолжни жители на фавелите. Луѓето страдаат во состојба слична на војна. Шест милионската метропола и натаму останува едно од најопасните места во светот. Тоа е голем проблем за организаторите на Летните олимписки игри кои треба да се одржат во Рио де Женеиро, во 2016 година.

In den engen Gassen der Favela Rocinha in Rio de Janeiro
Условите за живот во фавелите се очајниФотографија: Geraldo Hoffmann

Бразилските власти тврдат дека безбедноста нема да биде проблем за време на Олимпијадата во 2016 година. Тие соопштија дека насилствата ќе ја засилат одлучноста да ја зголемат безбедноста за Олимпијадата, но и порано - за време на Светскиот куп во фудбал во 2014 година. Панамериканските игри во 2007 година минаа без големи инциденти откако властите распоредија 15.000 специјално обучени полицајци во Рио.

Автор: Андре Сурен / миа / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска