1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заладување на руско-британските односи

17 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BJ5l

Руското минитстерство за надворешни работи предупреди дека протерувањето на четворицата руски дипломати од Велика Британија ќе има сериозни последици на односите меѓу двете земји. Портпаролот на министерството, Михаил Камнин, потегот го нарече неморален и предупреди на соодветен одговор. Британија ги протера руските дипломати по одбивањето на Москва да го екстрадира Андреј Луговој, главниот осомничен за убиството на поранешниот агент на КГБ, Александар Литвиненко. Москва образложи дека нејзиниот устав не дозволува екстрадирање на руски граѓани. Британскиот премиер Гордон Браун нагласи дека Лондон и натаму сака добри односи со Москва.