1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заложничка драма во Инголштат - настапот на Меркел откажан

ЕМФ/дв/афп/дпа19 август 2013

Во Старото градско собрание на Инголштат вооружен маж во заложништво држи неколку лица. Неговиот мотив е непознат. Предизборниот настап на канцеларката Меркел во Инголштат, предвиден за денеска, е откажан.

https://p.dw.com/p/19S9k
Фотографија: picture-alliance/dpa

Христијанско-социјалната унија го откажа предизборниот настап на канцеларката Ангела Меркел предвиден за денеска (19.08) во Инголшта порадо заложничката драма која е во тек овој град во покраината Баварија. На предизборниот собир, предвиден за доцна попладне, требаше да зборува и шефот на ЦСу Хорст Зехофер. Еден маж, на неколку часа пред планираната посета на Меркел во заложништво зеде неколку лица, кои ги држи во Старото градско собрание на Инголштат.

Полицијата блокираше дел од центарот на градот, меѓу што и плоштадот пред Градското собрание, кадешто требаше да зборува Меркел. Грабнувачот, според сопствени наводи, е вооружен и засега нема барања, соопшти портпаролот на полицијата во Инголштат, Гинтер Бек. Кризниот штаб има редовен контакт со киднаперот.

Повеќе детали за оружјето на грабнувачот и бројот на заложниците засега нема, се вели од полицијата. Агенциите јавуваат дека грабнувачот во минатото следел една вработена во Градското собрание и дека имал забрана за влез во Собранието. Според медиумски извештаи, меѓу заложниците можеби е третиот градоначалник на Инголштат Сеп Мислбек, како и жената која ја следел грабнувачот. На местото на заложничката драма, според медиумите, има специјални полициски единици. За двете информации засега нема потврда од полицискиот портпарол.