1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Замрзнат имотот на Фершпед

Горан Петрески25 септември 2007

Судот ќе испитува дали Фершпед во 1994 е приватизиран на законски начин. Јавното правобранителство оцени дека приватизацијата е незаконска и побара од судот да ја поништи.

https://p.dw.com/p/BjT0
Судот треба да донесе одлукаФотографија: Petar Stojanovski

На крајот од транзицијата Македонија влегува во процес на ревизија на приватизацијата на најмоќната компанија во земјата. Судот ќе испитува дали Фершпед во 1994 е приватизиран на законски начин. Јавното правобранителство оцени дека приватизацијата е незаконска и побара од судот да ја поништи. 51 процент од капиталот на фирмата да се вратат во сопственост на државата. До конечната пресуда, замрзнат е имотот на компанијата за да се спречи негова распродажба додека трае ревизијата.

Сомневање за постоење криминал

Антикорупциската комисија со години тврди дека приватизцијата на фершпед е незаконска. Поранешната претседателка Слаѓана Тасева вели дека криминалот е евидентен во овој случај.

Врз основа на овој наод на антикорупциската комисија институцијата задолжена да се грижи за имотот на државата бара поништување на приватизацијата. Правобранителката Оливера Китановска вели дека се приватизирал имот што не смеел да биде предмет на приватизација.

Фершпед располага со огромен имот

Фершпед денес е една од најбогатите фирми во Македонија. Вработува илјадници луѓе и поседува огромен имот. Хотелот Александар Палас во Скопје, Метропол во Охрид, Лотарија на Македонија, винаријата Сковин, голем број јавни и царински складишта. Експертите велат дека ревизијата на приватизацијата е добар но истовремено ризичен потег. Професорот Горан Коевски предупредува дека се праќа лоша порака за инвеститорите.

Контраверзна приватизација

Поранешниот директор на агенцијата за приватизација од времето кога е приватизиран Фершпед, Мирољуб Шукаров тврди дека процесот е спроведен законски но ја поддржува ревизијата како можност конечно да се расчистат сите дилеми и да се тргне сомнежот од најкронтраверзната приватизација во Македонија

Уверена дека се е законски е заменик директорката на Фершпед Кираца Трајковска.

Случајот Фершпед повремено беше актуелизиран од сите влади досега. Во потрага по изборни поени или по спонзори сите се закануваа со ревизија но моќниот директор, Штерјо Наков, кого јавноста го доживува како еден од македонските олигарси,но тој и неговата финансиска империја остануваа недопрени.