1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Занаетчиите против нелојалната конкуренција

4 септември 2010

Занаетчиите во повеќето македонски градови се’ почесто ги затвораат дуќаните, а многу ретко се отвораат нови. Тие бараат поригорозни казни за нелојалната конкуренција.

https://p.dw.com/p/OXri
Стара чаршија во СкопјеФотографија: Musliu

Никола Петров, претседател на Занаетчиската комората во разговорот за Дојче веле истакнува дека на занаетчиите во Македонија најмногу им пречи нелојалната конкуренција и увозот на неквалитетни производи што е последица на се’ поголемата сиромаштијата во земјата. Тие веќе покренале постапка до Министерството за економија за измени на Законот за занаетчиство со што бараат поригорозни казни за нелојалната конкуренција: „Ако се продолжи вака сметам дека нашите занаетчии ќе станат социјала и тие ќе почнат да ги затвораат дуќаните.“

Нелогични примери

Петров посочува еден нелогичен пример со кој казната за неиздавање фискална сметка е илјада евра и еден месец затворен дуќан, а казната за непријавен, само 200 евра, а што може да доведе до затворање на многу легални дуќани: „И во круговите на нашите занаетчии веќе се врти мислење дека е подобро да ги одјавиме дуќаните, да не фатат еднаш годишно дека работиме на црно, да се казниме по 200 евра, отколку вака да продолжиме да работиме.“

Alte ausgestorbene Handwerke auf dem Bazar in Skopje Mazedonien
Стар занает во скопската чаршијаФотографија: Musliu

Од Занаетчиската комора бараат од државата да преземе поригорозни контроли на тие што работат, а не се пријавени, за да ги заштити легалните занаетчии. Со тоа воедно ќе ги заштити и своите интереси и ќе ја наполни државната каса и затоа и од инспекцијата децидно бараат. „Ние во измените на Законот за занаетчиство баравме не како досега да се казнуваат, туку да им се одземаат и предметите со кои работат диви вработените, а воедно да се казнуваат и сите лица кои ќе најмат услуги од таков човек“.

Alte ausgestorbene Handwerke auf dem Bazar in Skopje Mazedonien
Стар занает во скопската чаршијаФотографија: Musliu

Од Занаетчиската комора велат дека од државата бараат поголема поддршка и еднакви услови за стопанисување на сите субјекти. „Ние не можеме да се сложиме да плаќаме индустриска струја, да плаќаме индустриско греење, зошто да плаќеме индустриска струја? Ние стопанисуваме, плаќаме данок од тоа и уште сме оптеретени дупло од сите давачки што ги даваме во домаќинството. Тоа е премногу за нас занаетчиите што не можеме да го издржиме. Треба да се сфати дека занаетчиите не се фирми кои којзнае колку произведуваат и којзнае колкав обрт прават. Обично занаетчии се двајца до тројца, од кои еден сопственик и двајца до тројца вработени или во повеќе случаи еден и уште еден од фамилијата работи со нив заедно“. Воедно упатуваат апел до граѓаните да се заштитат самите себеси со тоа што нама да користат услуги од дивите занаетчии туку од легалните, кои од комората имаат добиено уредна легитимација за идентификација. Вака често направената штета од дивите занаетчии за непрофесионално добиена услуга, нема кој да им ја надополни.

Стандардите се заборавени

Alte ausgestorbene Handwerke auf dem Bazar in Skopje Mazedonien
Стар занает во скопската чаршијаФотографија: Musliu

Миодраг Чемерекиќ е скоро 40 година занаетчија - електричар кој има легален дуќан во близина на Камениот мост во Скопје. Во разговорот ни потенцира дека вакви дуќани во Скопје и Македонија се се’ поретки затоа што неговите колеги најчесто работат на црно. „Конкуренцијата е огромна од кои во градов има диви занаетчии кои работат без плаќање на данок, без плаќање на давачки кон државата. Да се потсетиме дека и во сега бившата Југославија имаше некои стандарди и норми кои се почитиваат, а денеска тоа е заборавено“.

Миодраг вели дека 40 години уредно си ги плаќа давачките кон државата, а од неа не добива скоро ништо. Се жали дека и занаетчиската пензија, која ќе ја добива од октомври, е најминимални четири илјади денари. Затоа вели дека ќе биде приморан и понатаму да работи, за да преживее.

Автор: Антоанела Димитриевска

Редактор: Александра Трајковска