1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заострени гранични контроли во Германија

26 мај 2007
https://p.dw.com/p/AnvN

Поради претстојниот самит на Г8 кој од 6 до 8 јуни се одржува во Германија, германските власти веќе воведоа позаострени контроли на сите гранични премини во земјата. Целта е да се спречи доаѓање на потенцијални насилни демонстранти, појасни портпарол на полицијата. САД дури и ги предупреди своите граѓани кои ќе патуваат во овој период во Германија да ги избегнуваат местата на кои ќе се собираат антиглобализациските демонстранти, бидејќи примерите од минатото покажуваат дека овие демонстрации може да прераснат и во насилство.