1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заострување на тонот меѓу Русија и ЕУ во врска со украинската криза

3 декември 2004

Рускиот парламент ја осуди “разорувачката улога” на ЕУ во украинската борба за власт, а претседателот на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент Елмар Брок ја предупреди Русија да не се меша во кризата во соседната земја. Во Киев денеска се очекува решението на украинскиот Врховен суд во однос на жалбите за изборен фалсификат во вториот круг на претседателските избори. Претседателот н

https://p.dw.com/p/AcJK
Владимир Путин и Леонид Кучма
Владимир Путин и Леонид КучмаФотографија: AP

а државата Леонид Кучма се заложи да се организираат нови избори колку што е можно побргу.

Рускиот парламент денеска усвои декларација со која се осудува, како што е речено, “разорувачката улога” на Еу во борбата за власт во Украина. ЕУ, Европскиот парламент и ОБСЕ се обвинети дека разгоруваат немир во Украина, што би можел да води кон “масивен неред, хаос и поделба на земјата". Само петмина беа воздржани, а 415 пратеници гласаа за декларацијата во која станува збор за “крајно негативни последици” на обидите за вмешување од страна, “не само за Украина, туку и за Русија, цела Европа и севкупната меѓународна заедница”. Во неа уште се повикува на зацврстување на “традиционалното пријателство и братските односи меѓу народите на Русија и на Украина”.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент Елмар Брок за германското Инфорадио претпладнево рече дека Украина мора да има право на самоопределување, што е дефинитивна практика во Европа од 1990-та година. “Ние не би требало повторно да се вратиме на старите политики на империјално вршење влијание, што очигледно се обидува да ја воведе претседателот Путин” – рече Брок.

Претседателите на Русија и на Украина, Владимир Путин и Леонид Кучма, вчера разговараа на аеродромот во Москва. По средбата

Путин искажа загриженост поради тенденциите за поделба, и поддршка за сите чекори за зачувување на единството на земјата. "Она што таму се случува е сериозен политички настан за Русија", рече Путин, укажувајќи дека 17 проценти од жителите на Украина - во реалноста и значително повеќе - се етнички Руси, а во земјата се зборува рускиот јазик.

Украинскиот претседател му го претстави на својот соговорник договорениот компромис меѓу владата и опозицијата: “Процесот е многу едноставен. Прво мора Врховниот суд да донесе решение, потоа следува уставна реформа, која ќе овозможи за кусо време да се даде согласност за владата. Таа и парламентот ќе ја преземат одговорноста за ситуацијата во земјата, а потоа мора да се подготви правен терен за спроведување избори”.

На ова Путин возврати: “Повторувањето на изборите не носи ништо. Може да се гласа трет, четврти, 25-ти пат – се‘ додека една страна не го добие посакуваниот резултат. Проблемот не можат да го решат ни Русија, ниту ЕУ и меѓународните организации. Ние можеме само да посредуваме. Решавачкиот збор го има украинскиот народ”.

Кучма по средбата со Путин веднаш се врати назад во земјата на консултации со владата и парламентот. Нови избори се неизбежни. Тоа би барало до три месеци време, а владиниот табор би можел да излезе со нов претседателски кандидат. Опозициониот аспирант на претседателската функција Јушченко бара повторување само на вториот круг од гласањето.

Врховниот суд го заврши разгледувањето на жалбите за нерегуларен тек на изборите. По завршните пледоајеа на адвокатите на владата и опозицијата, 21 судија се повлекоа на консултации и во текот на денов се очекува нивното решение. Никој не се сомнева дека изборите ќе бидат прогласени за неважечки. Обете страни си префрлуваат за изборна измама и тоа во меѓувреме е и докажано во неколку случаи.