1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Западниот христијански свет го слави Велигден

23 март 2008

Традиционално Папата Бенедикт 16-ти одржа велигденска миса и го изрече благословот „Урби ет Орби“. Тој притоа упати повик за мир во кризните региони во светот , меѓу нив и во Тибет.

https://p.dw.com/p/DTBS
Папата Бенедикт 16-ти на пат кон плоштадот Св.ПетарФотографија: AP
Поглаварот на Римокатоличката црква со традиционалните молитви на латински јазик ја започна својата велигденска миса на плоштадот Свети Петарво Ватикан на која и покрај дождот присуствуваа десетици илјади верници. По мисата тој упати апел да се изнајдат решенија за зачувување на мирот и општото добро во светот: „Како можеме да заборавиме некои африкански региони, како Дарфур и Сомалија, измачениот Блиски Исток, посебно Светата зема, Ирак, Либан и конечно Тибет, кои ги охрабрувам да бараат решенија за зачувување на мирот и општото добро“, рече Папата во традиционалната велигденска порака "Урби ет Орби".

Осудувајќија ја неправдата, омразата и насилството меѓу поединците и народите, папата порача дека тоа се отворени и болни рани на човештвото на секој агол од планетата .

Бенедикт 16-ти повика на активна приврзаност кон правдата во регионите во кои има судири и насекаде каде што се крши и гази достоинството на луѓето.

Тој потоа им посака среќен велигден на католичките верници на 63-јазици,меѓу нив и на македонски.

Папата, инаку вчеравечер, изјави дека верата е симбол на мирот и на помирувањето во светот. Освен тоа, Бенедикт 16-ти вчера го покрсти веројатно најпознатиот муслиман во Италија - новинарот на „Кориере дела Сера“, Магди Алам, кој инаку е роден Египќанец. Алам е жесток критичар на исламскиот екстремизам и затоа често добива закани со смрт.

Во Германија, келнскиот кардинал, Јоаким Мајснер, по повод Велигден ги повика верниците да го сфатат воскреснувањето христово како вистинска радост. Често има сомнеж и нема радост во срцата на некои христијани, изјави Мајснер, додавајќи дека Велигден е доказ за постоењето на господ. Првиот човек на Евангелистичката црква, пак, Волфганг Хубер, се осврна на тешката ситуација во Ирак, Тибет, но и на ситуацијата на луѓето што се невработени во Германија, велејќи дека духот на Велигден значи - отпор наместо предавање.