1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Западот купува помалку оружје, Русија и Кина повеќе

ЕМФ/дв15 април 2013

Поради тоа што Западот издвојува помалку пари за своите армии, издатоците за воени средства во светот се во благ пад. Но, не секаде е така - воените издатоци на Кина и Русија се зголемуваат!

https://p.dw.com/p/18Ful
Фотографија: picture-alliance/dpa

Воените издатоци во светски рамки, првпат од 1998 година, бележат пад. Според новата студија на Институтот за истражување на мирот СИПРИ од Стокхолм, издатоците во 2012. година паднале за 0,5 проценти во споредба со 2011. година. За воени цели минатата година биле потрошени вкупно 1,75 илјади милијарди долари во светот.

Сепак, издатоците не се во пад насекаде. Истражувачите на мирот забележуваат значителни разлики меѓу Западот од една и Русија и Кина од друга страна. Кина во 2012 година дала 7,8 проценти средства повеќе во споредба со годината пред тоа, а Русија дури 16% повеќе. Воените издатоци бележат пораст и на Блискиот Исток и тоа од 8,4%.

Нов баланс?

Воедните издатоци на Западот, наспроти тоа, се во благ пад. СИПРИ тоа го објаснува со мерките на штедење во армиите и планираното повлекување од Авганистан. САД во 2012 година дале 6% помалку средства за својата армија и со тоа уделот на САД во светските воени издатоци по падот на Железната завеса првпат падна под 40%.

Waffenhandel
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Она што може да се забележи може да претставува почеток на нов баланс во глобалните воени издатоци“, објаснува експертот на СИПРИ Сем Перло-Фримен. Сепак, САД се и натаму најголемата воена сила во светот. Тие минатата година потрошиле 682 милијарди долари за воени потреби, а потоа следува Кина со 166 милијарди долари. Германија е на деветто место со 45,8 милијарди долари и со тоа бележи плус во споредба со годината пред тоа од 0,9%.