1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Запален Олимпискиот оган

Штефан Нестлер/Е.М.Фиданоска10 мај 2012

Во античка Олимпија денеска (10.05.) е запален Олимпискиот оган. Почнува неговото долго патување кое ќе трае до 27-ми јули, за кога е закажана церемонијата на отворање на ЛОИ во Лондон.

https://p.dw.com/p/14ska
Фотографија: Reuters

Олимпискиот оган гори - 78 дена пред отворањето на Летните олимписки игри во Лондон, тој денеска беше запален на руините од Олимпија во Грција. Жак Рог, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, присуствуваше на денешната церемонија, и притоа изјави: „Палењето на огнот на ова античко место е секогаш значаен момент за олимпиското движење.“

Олимпискиот оган во Велика Британија ќе пристигне на 18 мај. На патеката од 13.000 километри на островот, ќе го носат околу 8.000 луѓе. На рутата има 1019 места, со што 95 проценти до Британците добиваат можност да го видат факелот, пред тој да пристигне на Олимпискиот стадион во Лондон, на 27-ми јули.

Griechenland Olympisches Feuer entzündet in Olympia
Фотографија: Reuters

Факелот од алуминиум прелиен со злато ќе биде транспортиран по земја, во вода и во воздух со бродови, коњи, железница, балони и моторцикли, Најстарата жена која ќе трча со факелот е 100-годишната Англичанка Дајна Гоулд.