1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Запален Олимпискиот оган

25 март 2004

Во храмот на божицата Хера, таму каде пред 2 700 години почнаа првпат Олимписките игри, денеска е запален олимпискиот пламен. Факелот ќе мине 78 илјади километри низ светот, во 28 земји, а ќе го носат 11 илјади луѓе. Од Грција, факелот прво ќе оди во Австралија, каде во 2004 година се одржаа претходните Олимписки игри. Во Берлин, факелот доаѓа на 30 јуни. На крајот на патот, тој повторно ќе биде вратен во Атина, каде на 13

https://p.dw.com/p/AcOa
Олимпискиот оган за Атина
Олимпискиот оган за АтинаФотографија: AP

август ќе бидат отворени новите игри. Олимпискиот пламен е запален токму на националниот празник на Грција. Предславјето на игрите може да почне. Но, Грците се и тоа како нервозни – премногу работи сеуште не се завршени, се ќе излезе многу поскапо од планираното.

”Станицата е надвор од употреба поради градежни работи.“

На некои делови од трамвајската линија 1 ова може да се чуе речиси на секоја станица. Како патниците ќе стигнат до целта, за тоа не се грижи никој. Во градот застој поради градилишта и затворени тротоари. Во Атина во моментов се потребни нерви како сајли. Среде сето тоа вчудовидениот Јоргос Суфлијас, министер за градежништво од пред три недели.

”Мислам дека е целосно неприфатливо улиците да се во ваква состојба на само пет месеци пред Олимписките игри.”

Други,пак, ги мачат поинакви сомнежи. Кирјакос со констатација:

”Игрите ме интересираат, но има проблем. Можеби ќе дојдат терористи и ќе им направат штета на игрите. Тоа е навстина голем проблем. ”

Многумина, особено по нападите во Мадрид не веруваат дека може да се постигне навистина ефикасна заштита од терор. Дури и ако НАТО помогне, дури и ако за обезбедување се фрлат рекордни една милијарда евра:

”Во автобус не се плашам, но со трамвај е малку опасно”, вели момче од Атина.

Но, не сите се толку уплашени. Напротив. Тие дури и се жалат што во Атина има толку многу војска и камери. Тоа што на Грците сепак најмногу им го расипува предолимпиското расположение се трошоците. Сите објекти се многу поскапи од планираното. Многу од граѓаните се плашат дека трошоците ќе ги сносат дури и нивните внуци. Но, и покрај се, повремено на површина сепак испливува гордост. Олимпија припаѓа на Елада. Одушевувањето на Кирјакос ќе ги зафати и другите:

”Сакам да одам и да навивам. Не ме интересира кој победува. Ако е до мене, може да победи и Кинез, Германец или Полјак. За мене се важни спортистите кои се борат за идејата. Идејата е голема.”