1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Запатеро ја осудува најавата на ЕТА

6 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Aoer

Шпанскиот премиер Луис Родригес Запатеро најостро ја осуди најавата на баскиската сепаратистичка организација ЕТА дека става крај на прекин на огнот. Запатеро го повика населението на заедничка борба против насилството:

„ Одлуката на ЕТА е спротивна на напорите за слобода која ја посакуваат баскиското и шпанското општество. Овој пат има само една цел, дефинитивно откажување од оружјето, пат кој може да започне и да заврши само со откажување од насилството„ изјави Запатеро