1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Запознајте го најголемиот поддржувач на Трамп во Брисел

7 февруари 2017

Американските конзервативци во Европа, кои беа тивки поради непопуларноста на Трамп, по победата на изборите полека излегуваат од сенката.

https://p.dw.com/p/2WX6P
Brüssel
Фотографија: Fotolia/ANADEL

Деновите пред 8 ноември 2016 беше невозможно да се најде повеќе од еден човек во Брисел кој јавно би се декларирал за републиканскиот кандидат Доналд Трамп во политичките дебати. При секое медиумско претставување или организирана дебата, наспроти различните членови на организацијата на Демократите во странство, настапуваше истиот човек, кој неуморно се спротивставуваше на големиот скептицизам дека Трамп би можел да биде следниот претседател на САД.

Осамениот глас се покажа како вистинскиот - и сега Мајкл Кулбикас со насмевка се потсетува на тие предизборни денови. Повеќето Американци кои живеат во странство се демократи, поради тоа тој е навикнат да биде преседател на здружението „Републиканци во странство" со само неколкумина членови. По победата на Трамп, долгогодишниот жител на Белгија ни раскажува дека сѐ повеќе луѓе „излегуваат од сенката“ и кажуваат дека гласале за Трамп, но и дека се спремни да помогнат за обновување на организацијата.

„Европејците погрешно го сфаќаат Трамп"

Кулбикас признава дека „постои голема одбивност кај традиционалните републиканци да бидат поврзувани со некој кој има толку негативна слика кај европските елити“. Тој инсистира дека европската антипатија кон Трамп е неоправдана и е предизвикана првенствено од погрешното толкување на неговата личност и ставови.

„Во Европа и особено во Белгија, има вчудоневидувачки изветоперена слика за господинот Трамп “, објаснува Кулбикас од неговата канцеларија во Брисел каде што работи како консултатнт за менаџмент и сајбер безбедност. „Кога ќе се споменат американските избори соочен сум со вчудоневидувачки мислења за Трамп кои се карикирачки и ја менуваат сликата за неговиот карактер и тоа што го кажува“.

На пример, Кулбикас објаснува дека не се согласува со ставот искажан од страна на Трамп за жените, но го поддржува оправдувањето дека тоа е начинот на кој многу мажи разговараат меѓусебно и поради тоа, таквиот коментар треба да се занемари. Коментарите за НАТО се контроверзна тема во Брисел. Кулбикас верува дека тоа било паметен потег во кампањата на Трамп, затоа што пред Алијансата конечно се отвораат внатрешните проблеми како што е диспропорционалното финансирање од страна на САД.

Michael Kulbickas
Кулбакис му напиша писмо со совети на ТрампФотографија: DW/T. Schultz

Со забелешката која предизвикаа најмногу гнев кај европските политичари – дека излегувањето на Британија е добра одлука и дека другите земји од Унијата треба да го следат примерот – Кулбикас делумно се согласува, тој го поддржува излегувањето на Британија од ЕУ, но не смета дека ќе биде добро за САД доколку ЕУ и понатаму се распарчува.

Сепак ја цени реториката. Според него, давањето сигнал на Европјаните, дека не им се потребни на САД и недовербата во европскиот проект е сигнал дека станува збор за експертски преговарач кој што може да добие што сака од партнерите. „Треба да бидете спремни, при преговарањето да станете и да си замиенете“, објаснува тој.

Кулбикас, кој признава дека бил демократ сѐ до нападите од 11 септември, уште на самиот почеток одлучил да го поддржи Трамп наместо другите кандидати, затоа што тој изгледал поодлучно. За време на кампањата, Кулбикас на кандидатот Трамп му нашишал писмо со совети за стратегијата. По испраќањето на писмото тој не добил повратна информација и не знае дали Трамп воопшто знае за постоењето на републиканското јадро во Брисел.

Тимот на Трамп знае за бриселските конзервативци

Останатите членови на новата администрација се дефинитивно свесни за прекуокеанската конзервативна организација. Од нив, тие барале совети околу односот со институциите и локалната култура во ЕУ и земјите членки. Иако американските амбасадори во заминување во НАТО и ЕУ изјавија дека не добиле никакви барања за брифинзи и размена на информации пред отстапувањето на функкциите на назначените од Трамп, Кулбикас објасни дека тој и други Американци кои живеат во Европа обезбедувале информации за земјите во ЕУ, за политичкото окружување во земјите во кои живеат, како и европскиот тренд кон популизмот. Кулбикас вели дека Трамп треба да склопи заеднички сојуз со лидери како Геерт Вилдерс од Холаднија, нешто што советуваат и неговите советници од кабинетот.

Иако републиканската група стане посилна, нема да биде единствена. Претседателката на „Демократи во странство“ за ДВ изјави дека нови пријави за членови постојано пристигнуваат. „Повеќе за разлика од другите години".