1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Започна вториот круг од изборите во Македонија

5 април 2009

Граѓаните можат да избираат меѓу Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ и Љубомир Фрчковски од СДСМ за претседател на државата. На локалните избори денеска треба да се изберат преостанатите 43 градоначалници во општините во земјата

https://p.dw.com/p/HQPm
Фотографија: PETR STOJANOVSKI

Гласачките места денеска ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. На претседателските и локалните избори право на глас имаат еден 1.792.082 избирачи евидентирани во Единствениот избирачки список.

Тие ќе можат својот глас да го дадат за еден од двајцата претседателски кандидати кои во првиот круг добија најголем број гласови Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ и Љубомир Фрчкоски од СДСМ.

На вториот круг од изборите за градоначалник се гласа во 43 општини и Градот Скопје. Прв круг за избор на градоначалник ќе има во осум општини и тоа во Желино, Маврово и Ростуше, Македонски Брод, Студеничани, Чучер Сандево, Долнени, Другово, Зелениково каде што има 69 избирачки места со 13.730 избирачи. За избор на советници прв круг гласање ќе има во 21 општина на 119 избирачки места со 12.275 избирачи.

Mazedonien Skopje
Денеска би требало да биде познат и идниот градоначалник на СкопјеФотографија: PETR STOJANOVSKI

Државната изборна комисија го достави изборниот материјал до сите општински изборни комисии, кои потоа го проследуваат до избирачките одбори.

Претседателски и локалните избори ќе ги следат досега најголем број домашни и странски набљудувачи. Акредитирани се 7.038 домашни и 544 странски набљудувачи. Од домашните најбројни се мониторите на Граѓанската асоцијација МОСТ, а од странските на ОБСЕ/ОДИХР.

Автор:С.Н/ МИА