1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Започна европската фудбалска Лига на Шампиони

15 септември 2004

Германскиот првак Вердер од Бремен стартуваше со пораз во Милано, против Интер. Во останатите натпревари , фаворитите го оправдаа својот статус.

https://p.dw.com/p/Aem8
Фудбалерите на Вердер
Фудбалерите на ВердерФотографија: dpa

Бразилецот Адријано беше стрелец на двата гола со кои интер дома во Милано славеше против Вердер . Германскиот шампион веќе од 5-та минута на натпреварот од Г групата во Лигата на шампионите, мораше да игра со играч помалку , откако одбрамбениот играч на Вердер Валеријан Исмаил го собори во казнениот простор токму Андијано , по што судијата досуди пенал и му покажа црвен картон на францускиот интернационалец . Пеналот кој го изведе Виери меѓутоа успешно го одбрани голменот на Вердер, Андреас Рајнке. Но на задоволство на 35- илјадната публика на Сан Сиро , Адријано во 34 минута го искористи вториот пенал на вечерта . Конечниот резултат Бразилецот го постави дури во последните минути од мечот , откако претходно Вердер со играч помалку одлично им парираше на напаѓачите на Интер.

Тренерот на Вердер Томас, Шааф и покрај поразот беше задоволен од настапот на неговата екипа :

“ Тимот покажа супер морал и не дозволи да подлегне под притисокот. Тие натаму играа одлично и секогаш го бараа патот кон голот на Интер и мора да им се даде голем комплимент за тоа.

Со сличен став и капитенот на германскиот шампион Франк Бауман:

“Мислам дека можеме со кренати глави да патуваме дома и мораме сега да гледаме напред”.

Во вториот натпревар од групата Г, шпанска Валенсија со 2:0 дома го совлада белгиски Андерлехт , со особена заслуга на Висенте кој го постигна првиот а асистираше при вториот гол на неговиот тим .

И во останатите три групи во кои се играа натпревари синоќа , фаворитите имааа добар учинок.

Англиски Челзи нагости славеше убедливо со 3:0 против Парис Сен Жермен во групата Х, каде што актуелниот европски шампион Порто одигра без голови дома со ЦСКА од Москва .

Во групата Е , Арсенал само со 1:0 и тоа од автогол во Лондон беше поуспешен од ПСВ Ајндховен , додека пак атински Панатенаикос со 2:1 беше поуспешен од незгодниот Розенборг од Норвешка .

И во групата Ф фолемите фаворити Милан и Барселона , нагости освоија три поени против Шахтјор од Доњецк и Селтик од Гласзгов , добивајќи ги натпреварите со 1:0 и 3:1 .

Денеска уште два германски клуба ќе го имаат овогодинешното деби во Лигата на Шампионите. Највозбудливо ќе биде во Леверкузен каде што Баер ги дочекува ѕвездите на Реал од Мадрид, додека Баерн од Минхен ќе игра нагости во Тел Авив против Макаби. Во останатите натпревари од групите А, Б, Ц и Д ќе играат Ајакс и Јувентус, Ливерпул- Монако , Депортиво – Олимпијакос , Рома Динамо Киев , Лион манчестер Јунајтед и Фенербахче против Спарта од Прага.