1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Започна 63-от Кански фестивал

13 мај 2010

Ритуалот е ист и за најновото издание на Канскиот филмски фестивал: смокинг и свечени фустани за гостите, водителка која го претставува жирито и толпа љубопитни луѓе пред славните скали на фестивалската палата.

https://p.dw.com/p/NMea
Официјалниот постер на гоинешниот Кански фестивалФотографија: Brigitte Lacombe

„ Ние го прогласуваме за отворено 63-то издание на фестивалот во Кан“, истовремено Кејт Бланшет и Расел Кроу, австралиската актерска двојка - ѕвездите на „Робин Худ“ најновиот филм на Ридли Скот, официјално го дадоа почетокот на единаесетдневното филмско натпреварување и празнување на Азурниот брег.

Претходно француско- британската актерка Кристин Скот Томас ја претстави свечената церемеонија на отворање на фестивалот, без некое поголемо изненадување. Со редовната доза на гламур и со обидите за не многу инспириран хумор.

Flash-Galerie Filmfestspiele Cannes 2010
Расел Кроу во улогата на Робин Худ во истоимениот филм со кој беше отворен фестивалот во КанФотографија: Universal Pictures International France

Силна конкуренција за „Златната палма“

Потоа следуваше претставувањето на жирито претседавано од америкнецот Тим Бартон, режисерот на најновата верзија на „Алиса во земјата на чудата“, на кој Мелоди Гардо му оддаде почит на сцената. Пејачката пред привилегираните гости на свеченото отворање испеа неколку музички теми од филмовите на Бартон во џез верзија.

Во жирито се наоѓаат уште осум други членови, тие ќе треба да одлучат кој од меѓу деветнаесетте филмови во официјална конкуренција ќе замине со „Златната палма“ од Кан. Во конкуренција за „Златната палма“ оваа година се и звучните имиња на: Мајк Ли, Абас Киаростами, Такеши Китано, Никита Михалков. А додека вон конкуренција ќе се прикажат и новите филмови на: Стивен Фрирс, Оливер Стоун, Оливие Асаја и Вуди Ален.

Flash-Galerie Filmfestspiele Cannes 2010
Американскиот режисер Тим Бартон годинава претседава со Канското жириФотографија: AP

Член на жирито од Иран во затвор

Осум членови на жирито се присутни во Кан и еден отсутен.

„Празната фотелја е на иранскиот режисер Џафар Панаи. Тој е задржан во неговата земја, против неговата волја.“

Џафар Панаи кој беше поканет од фестивалот да му се приклучи на жирито, покрај неговото затворање од пред неколку недели поради подготовката на еден филм кој режимот од Техеран го смета дека е критички расположен кон него. Франција вчера побара негово ослободување преку повикот на министрите за надворешни работи Бернар Кушнер и за култура Фредерик Митеран. Но неговата фотелја ризикува да остане празна за време на целиот фестивал во Кан.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Симе Недевски