1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Засега е мирно

30 октомври 2006

На првите слободни претседателски избори во Конго, вчера падна решението, но на службени резултати ќе се чека во наредните три недели. Околу 25 милиони Конгонаци беа повикани да се изјаснат меѓу актуелниот претседател Жозеф Кабила и неговиот противник, потпретседателот Жан Пјер Бемба. Изборите минаа релативно мирно.

https://p.dw.com/p/Adw9
Изборите во Конго минаа релативно мирно. Како ли ќе биде по објавувањето на резултатите?
Изборите во Конго минаа релативно мирно. Како ли ќе биде по објавувањето на резултатите?Фотографија: AP

Кога престедателот Кабила стигна до своето изборно место во Киншаса, неговите приврзеници тешко можеа да бидат сопрени. Заедно со сопругата Олива, 35-годишниот шеф на државата го предаде гласачкото ливче во училиштето во дипломатскиот кварт Гомбе. Дотогаш учеството на изборите беше ниско – околу 15 насто. Жестоко невреме зафати големи делови на земјата, па до пладнето избирачите беа до колена во вода. Меѓу оние што невремето не ги спречи бргу да гласаат е и Џексон Барбесе:

„Среќен сум што гласав„.

Сега преодниот период е минато. Тој му благодари на претседателот Кабила што го овозможи тоа, но сепак гласал за предизвикувачот, Жан Пјер Бемба. Време е за промена. Но, до тоа веројатно нема да дојде. Според една необјавена прогноза, Кабила би можел да смета на 57 насто гласови, а Бемба на 43.

Инаку, засега е сигурно дека освен два инцидента на север од земјата, изборите минаа мирно и без насилства. Филип Моријон, шеф на околу 300 посматрачи на Европската унија, извлекува прв позитивен биланс:

„Луѓето се изјаснија против секакво насилство„.

Сите посматрачи во земјата ја потврдија неговата констатација, дека било мирно. На околу 50 илјади избирачки места дошло и до сосема мали нерегуларности, вели социјалдемократскиот пратеник во германскиот парламент Улрих Штокман, кој го следеше и првиот круг:

„Изборите минаа во фер и транспарентна атмосфера. Учеството на изборите не беше толку големо како во првиот круг. Можно е да се остварат очекувањата првите резултати да се појават во рок од 48 часа. Се надеваме дека ќе остане мирно„.