1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Засилени безбедносните мерки во САД поради зголемен број терористички закани

20 декември 2003
https://p.dw.com/p/AcRF
Американските власти повикаа на претпазливост за време на претстојните божиќни празници , поради стравувањето од можни терористички напади во земјата. Во истовреме американските граѓани добија уште една закана од Ал Каеда -Она што го сеете ќе го жнеете -им порача вториот човек на терористичката мрежа , која ги организираше нападите на 11 септември 2001 во Вашингтон и во Њујорк , каде се урнаа двете кули близначки на Светскиот Трговски Центар. Властите во Големото Јаболко пак синоќа најавија- Новиот облакодер Фридм Тауер ќе биде изграден на граунд зиро до 2009 година. Дали на САД им се закануваат терористички напаи за Божиќ. Белата Куќа синоќа ги предупреди пред се безбедносните служби да бидат што е можно попретпазливи за време на претстојните празници. Белата Куќа е многу загрижена поради зголемениот број закани за американските интереси како во земјата така и во странство. "Ние остануваме загрижени од обемот на информации за закани. Токму затоа Министерството за внатрешна безбедност испрати неколку предупредувања во последните неколку недели до безбедносните служби и полицијата , повикувајќи ги да го подигнат нивото на тревога , особено кога ќе влеземе во празничната сезона "- изјави портпаролот на Белата Куќа Скот Меклилан. Меѓутоа сеуште не е јасно какви се размерите на актуелните закани иако една од нив синоќа беше испорачана јавно преку телевизијата Ал Џазира. Катарската тв-станица емитуваше аудио снимка која наводно го содржи гласот на вториот човек на терористичката мрежа Ал Каеда Ајман Ал Завахири . Тој на лентата им порачува на Американците дека ќе бидат напаѓани од припадниците на Ал каеда каде и да се наоѓаат . "Америка е поразена од нашите борци , и покрај нејзината огромна воена моќ и оружје. Со божја помош сеуште ги гониме Американците и нивните сојузници , каде и да се наоѓаат, вклучително и во нивната татковина"-истакна Ал Завахири. "Како да ви простиме по сите предупредувања , кои ви ги испративме. Како сеете , така ќе жнеете-порача вториот човек на Ал Каеда. Неговото предупредување следуваше по информациите дека САД ја испитуваат можноста за нов терористички напад во Њујорк , кој во ударот на Ал каеда на 11 септември 2001 година го изгуби препознатливиот белег- кулите близначки на Светскиот Трговски Центар. Федералното Биро за истражување ги демантираше ваквите информации пренесени од некои медиуми. Од другастрана властите во Њујорк синоќа објавија дека новиот облакодер - т.н Кула на Слободата ќе започне наскоро да се гради на местото каде што се наоѓаше Светскиот Трговски центар. Градоначчалникот на Њујорк мајкл Блумберг истакна дека овој облакодер треба да му го врати изгледот на Њујорк кој го изгуби на 11 септември 2001 година. "Ова е највозбудливиот град во светот и убавиот дизајн помага во тоа. Овој заеднички проект , за поплнување на местото каде што се наоѓаше Светскиот Трговски Центар , кој денеска беше претставена Кулата на Слободата , драматично ќе го пдообри изгледот на Њујорк Сити , кој беше изгубен на 11 септември 2001 година" -истакна Блумберг Кулата треба да биде висока 533 метри. Архитектите даниел Либенскинд и Дејвид Чајлдс исткнаа дека таа во неа треба симболично да се отсликуваат Статуата на Слободата и познатиот Бруклински Мост. Нејзината изградба треба да трае до крајот на 2008 или почетокот на 2009-та година.