1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Затегната ситуација во Авганистан

15 март 2012

Денеска се одржуваат нови протести поради масакрот на американскиот војник врз цивили, а воени кругови информираат дека инцидентот при слетувањето на министерот Панета бил обид за напад.

https://p.dw.com/p/14KpL
Фотографија: Reuters

Околу илјада луѓе денеска излегоа на протести во градот Калат во провинцијата Сабул извикувајќи анти-американски слогани и барајќи јавен процес за војникот што го изврши неодамнешниот масакр врз цивили во Авганистан. Од воени кругови се дознава дека осомничениот сторител во меѓувреме е префрлен во Кувајт.

Воени извори денеска соопштија дека инцидентот што се случи вчера при слетувањето на американскиот министер за одбрана Леон Панета бил обид за напад. Возачот на автомобилот, кој се запали на пистата во воената база во јужната провинција Хелманд за време на слетувањето на авионот на Панета, сакал да нападне американски војници. Напаѓачот, кој во базата работел како преведувач, според американски воени изори им подлегнал на повредите.

САД и Велика Британија и натму опстојуваат на временскиот план за повлекување на трупите од Авганистан, и по масакрот што го изврши американски војник врз цивили во Авганистан. Претседателот на САД Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон по средбата во Белата куќа изјавија дека мисијата ќе биде исполнета според планот. Воениот ангажман на НАТО во Авганистан трае до 2014 година.

Автор: АТ/ БГ/ дв/ афп

Редактор: Симе Недевски