1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Затоа на Рајна е толку убаво

19 мај 2008

Долината на средниот тек на реката Рајна е ставена на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. Тоа ветува и промена на туристичкиот имиџ.

https://p.dw.com/p/DsV2
Долината на Рајна е дел од светското културно наследствоФотографија: AP

Поети и уметници, кнезови и градски татковци, романтичари и занесеници уште во 19 век ја воспевале Рајна. Ним им било добро познато каде таа река е посебно убава - меѓу Кобленц и Ридесхајм. Во долината на средниот тек на Рајна има многу тврдини и дворци. Денес, таа, еднакво како и регионот Вахау во Долна Австрија или долината на реката Лора во Франција, важи за посебно заштитено подрачје. Тука може да се видат историските обележја на градовите, со многу убави променади како во местата Бопард или Бахарах, како и прекрасни предели со навистина единствени, стрмни лозови насади

Fahrradtour am Rhein - Fahrradweg entlang des Rhein
Велосипедска тура крај РајнаФотографија: DW/M. Nelioubin

Тврдини, дворци и цркви

Четириесет тврдини и урнатини, што се всушност остатоци од некогашните мали државички, ја красат Рајна на ова подрачје. Вистинските рајнски тврдини, во поголем дел, настанале во 13-от или 14-от век. Денес некои од нив се во приватна сопственост, како што е тврдината Кац во Св. Гоарсхаузен.
Burg Katz nahe St. Goarshausen am Rhein
Замокот Кац во близина на Св. ГоарсхаузенФотографија: dpa
Други, како на пример замокот Клоп во Бинген или Рајхенштајн во Трехтингсхаузен, како и тврдината Зоонек во Нидерхајмбах, се преуредени во музеи. Некои, пак, се користат како хотелски дворци, како на пример дворецот Шенбург во Обервезел или замокот Гутенфелс во Кауб. На дворецот Марксбург во Браубах, единствената неоштетена висока тврдина во средниот тек на Рајна, свое седиште има Германското здружение за одржување на дворците. Во летните месеци, тврдините, дворците и старите цркви служат како концертни сцени.

Чиста рајнска романтика

Карпата Лорелај, чиј изглед и денес се смета за мошне необичен и која поради тоа честопати е посетувана од странските државници,
Loreley Felsen
Карпата ЛорелајФотографија: picture-alliance / Bildagentur Huber
е синоним за романтика на подрачјето на средниот тек на Рајна. Годишно, околу половина милион луѓе доаѓаат да го видат познатото обележје. На карпестото тло се наоѓа камена скулптура, а малку подолу во пристанишниот дел и бронзена фигура на девојката Лорелај, која според легендите, ги заведувала мажите кои пловеле по реката. Секои две години, во тој крај, една атрактивна, млада и задолжително, русокоса девојка, се прогласува за Лорелај.

Измачена река

Секако дека во дваесетиот век дошло до промени какви што романтичарите од пред 200 години не можеле ни да сонуваат.
Touristen in der Drosselgasse in Rüdesheim
Дроселгасе во РидесхајмФотографија: dpa
Тие промени им го отежнувале и одлучувањето на инспекторите на УНЕСКО, кои требало да го прогласат овој крај за светско богатство. Имено, Рајна истовремено е и измачена река, измалтретирана со хемија и отпадни води. Некои симпатични мали места на нејзиниот брег за време на викендите се преплавени со посетители кои доаѓаат само на еден ден, а наесен со т.н. љубители на куглањето. Никаде по улиците во близина на Рајна во еден ден не може да се соберат толку многу луѓе како во тесната улица „Дроселгасе“ во Ридесхајм

Развој, а не затворање од светот

Долината на средниот тек на реката Рајна, со нејзините тврдини, дворци, средновековни места и познатите лозови насади под заштита на УНЕСКО
Rheinschifffahrt bei Niedrichwasser Düsseldorf
Рајна кај ДиселдорфФотографија: AP
би требало да се „чува и развива како единствен и незаменлив културен предел“. За првпат во Германија не му е оддадено признание на некој споменик, туку на културна област, која треба да се унапредува. Со назначувањето за „светско богатство“ на долината не и‘ е ставен заштитен оклоп. Напротив, во ова подрачје се надеваат на зголемен број туристи, желни за култура. По низа години на т.н.туризам на опивање, на ред е развој на културниот туризам.