Заштита на климата – повторно е 5 до 12

Водечките светски метеоролози и истражувачи на климата се подрастично предупредуваат од ефектот на стаклена градина. Сѐ е кажано, вели Јенс Турау. Но, смета дека сега не смее да се губи храброста.

Ако некој сѐ уште бараше доказ, сега го доби. Уште еднаш. Неколу дена пред почетокот на Конференцијата за клима во Бон: Концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата од 2016 до сега е толку зголемена како никогаш до сега, велат од Светската организација за метеорологија СМО на ОН. Програмата на ОН за животна средина УНЕП предупреди дека според целите на Парискиот климатски договор од 2015 година, во најдобар случај просечната температура ќе се покачи за три степени, а не за два или помалку како што се предвидуваше. Една третина од вкупната емисија на стаклени гасови отпаѓа на 250 најголеми концерни во светот, меѓу кои најгоре на листата загадувачи се компании од Индија, Русија и Америка, велат аналитичарите од „Томсон Ројтерс Фајненшл & Риск".

Нешто се придвижува, макар и полека

Бројките се драматични, јасно. Дали има потреба од повеќе, уште појасни докази за последиците од климатските промени? Или за тврдоглавите: за сопственото постоење? Веќе 29 години постои Свески климатски совет, каде водечки истражувачи постојано ги собираат податоците од своите истражувања. Тоа се стотици експерти од разни области. Метереолози, океанографи, социолози, земјоделски експерти.

Нивните проценки веќе подолго време гласат: Луѓето се одговорини за климатските промени, тие се побрзо се развиваат, а мерките против нив не се доволни. Сепак: предупредувањата на експертите поттикнаа се повеќе земји да ги преземат првите чекори против ефектот на стаклена градина. Новите економии како Кина или Индија веќе не велат, како што тоа го тврдеа со години, дека западните индустриски земји се тие кои ги предизвикуваа климатските промени и дека поради тоа тие треба да се борат против тоа. Сега и тие се придружија. Секако.

Игнорантот Доналд Трамп

Но дека работите може да бидат и поинакви, доказ е САД. Претседателот Доналд Трамп е имун на сите експертизи. Гувернерите можат да работат напорно за да ги прошират изворите на обновливи енергии, а градовите и регионите може да му се спротивстават на нивниот претседател, но сеедно: Трамп се откажа од Парискиот климатски договор од 2015 година, кој е всушност збир од националните климатски планови, недоволен, но сепак добро е што го има. Трамп е многу зафатен. Овој американски претседател веќе нема да се занимава со политика на заштита на животната средина.

Јенс Турау, автор на коментарот

Парискиот договор: Прв знак на надеж

Без оглед на игнорантскиот став на Трамп: светската заедница не смее да ја крие главата во песок. Парискиот договор е солидна база, обновливте енергии на светско ниво се во подем, многу инвеститори се повлекуваат од користење на фосилни енергетски ресурси. И емисијата на гасови на глобално ниво во последниве три години не е порасната. Тоа е првиот зрак на надеж.

Заштита на климата: против сите востановени политички шеми

Главниот проблем, сепак, останува, и покрај сите научни сознанија: строга политика против климатските промени мора да избега од востановените политички шеми, особено во водечките земји загадувачи. Префрлањето на нефосилни извори на енергија е напорно, ги плаши гласачите, ги ограничува навиките. И во еден мандат не може да води кон видлив успех. Затоа, јасна политика за климатските промени останува напорен но, приоритетен процес, и второ тоа е меѓународна задача.

Сега не смее да има откажување

Не помага заплашување со нови, алармантни бројки и наоди. Сцената за борба против климатските гасови е тука, позната е и состојбата на нештата, патишта се зацртани. Сега едноставно не смее да има откажување, и покрај сите хорор сценарија.


Поврзана содржина

Следете нѐ