1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заштитниот ѕид од пожари во еврозоната изѕидан на 800 милијарди евра

Бернд Ригерт/ Симе Недевски30 март 2012

Министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната постигнаа согласност за зголемување на фондот за заштита од ризиците од должничката криза. Со 800 милијарди евра треба да се спречат шпекулациите на берзите.

https://p.dw.com/p/14VDi
Фотографија: picture-alliance/dpa

Тука на дело беа вистински уметници на сметањето. По повеќемесечни дискусии во Копенхаген се случи пробивот. Пресметките со кои беше оформен како што популарно се нарекува „Заштитиниот ѕид од пошари во еврозоната“ се сепак збунувачки. Јасно е дека од ова лето натаму ќе се работи на изградбата на постојаниот фонд за спас на еврозоната со име Европски стабилизациски механизам. Тој на крајот од изградбата треба да располга со сума за позајмување од 500 милијарди евра, значи свежи пари. Сумата ќе расте полека , бидејќи државите во фондот ќе уплатуваат вистински сретства во готовина , за неговиот кредитен рејтинг да се оддржува на стабилно ниво. За неколку години во фондот треба да има 80 милијарди евра влогови во готовина и 620 милијарди евра во кредитни гаранции. Ова т.н прекумерно осигурување е неопходно за ЕСМ да добие врвен кредитен рејтинг и да може да оперира со ниски каматни стапки.

Finanzministertreffen Europäische Union Kopenhagen 2012
Конференцискиот центар Бела во Копенхаген каде се оддржува средбата на министрите за финансии од еврозонатаФотографија: DW

Германија имаше сопствена математика                                       

Првиот фонд кој досега беше во функција наречен ЕФСФ , требаше да се влее во новиот траен фонд. неговата сума за позајмици досега изнесуваше 440 милијарди евра. Европската Комисија, Франција и бројни други земји-членки на еврозоната сакаа едноставно да ги комбинираат стариот и новиот фонд. Со тоа ќе произлезеше сума од 940 милијарди евра со која требаше да се остави впечаток врз финансиските пазари.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле не беше подготвен за овој огромен фонд. Германија како економски најсилна земја во еврозоната требаше да даде најмногу гаранции. Шојбле изрази подготвеност за компромис и не сакаше да има каков било конфликт во еврозоната.

Во крајна нужда на располагање ќе има и 1 билион евра

Германскиот министер и неговиот колега од Финска Јута Урпилаинен се согласија 200 милијарди евра во веќе одобрени кредити од стариот фонд ЕФСФ да се приклучат кон новиот ЕСМ, со што се доби сума од 700 милијарди евра. Шојбле кон тоа ги придодаде уште и 100 милијарди евра од буџетот на Европската Комисија и од кредитите од првиот пакет за помош на Грција и така се дојде до конечните 800 милијарди. Оваа смета со стари кредите и нови свежи пари на крајот се проби како заеднички став на еврозоната. Во крајна нужда , доколку Италија западне во невоља- би можеле да бидат ставени во употреба и останатите 240 милијарди евра од тековниот фонд ЕФСФ. Тогаш повторно би се дошло до сумата од околу 1000 милијарди евра односно 1 билион евра, гласи решението на кое денеска се согласија министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната.

Wolfgang Schäuble in Kopenhagen
Германскиот министер за финансии Волфганг ШојблеФотографија: dapd