1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За изборите се одговорни и политичарите и граѓаните

5 мај 2011

Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер денеска од Штуловиот универзитет ги повика политичките лидери во Македонија да ја преземат својата одговорност и да отворат нови перспективи за развојот на државата.

https://p.dw.com/p/119aS
Фотографија: DW

Американскиот дипломат е пред заминување на својата нова должност во Белата куќа во Вашингтон. Денеска (05.05), на церемонијата за доделување на традиционалната награда „Лидерство“ за 2010 година на Институтот за демократија и развој од Тетово, која Филип Рикер ја доби поради ангажманот за демократската консолидација на Македонија, меѓу другото тој рече:

Филип Рикер (д.): Граѓаните треба да бараат отчет од лидерите
Филип Рикер (д.): Граѓаните треба да бараат отчет од лидеритеФотографија: DW / Dragan Todorovski

„Сите граѓани на Република Македонија треба да ја прифатат одговорноста да бараат од нивните лидери да даваат отчет за тоа што ветуваат и што остваруваат. Заедничка надеж е, во оваа кампања за парламентарните избори во земјата да се понудат перспективи за граѓаните, низ таа кампања да се манифестира лидерство какво што ним им треба и кое тие го заслужуваат. Јас се надевам дека сите граѓани ќе бидат многу одговорни и оти ќе гласаат на 5. јуни, зашто тие ќе бидат дел од процесот на донесување одлуки со фокусот врз лидерството за подобри можности, просперитет и безбедност за сите.“

Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Маедонија Улрике Марија Кноц, која присуствуваше на оваа церемонија, заедно со евроамбасадорот Питер Соренсен и повеќемина други претставници на дипломатскиот кор во Скопје, денеска за Дојче веле изјави:

Улрике Кноц: По 5. јуни Македонија ќе треба да се соочи со истите предизвици
Улрике Кноц: По 5. јуни, Македонија ќе треба да се соочи со истите предизвициФотографија: Deutsche Botschaft Skopje

„Да се има добри избори, тоа е одговорност на македонските политичари, но исто така и на македонските гласачи. Навистина е важно овие парламентарни избори да бидат фер, слободни. По 5. јуни, кога ќе завршат изборите, Македонија ќе треба да се соочи со истите предизвици, ќе биде потребно владата и парламентот да бидат избрани низ таков изборен процес - демократски и слободен, и да уживаат целосен легитимитет добиен од граѓаните. Бенчмарковите и европските стандарди треба да бидат пристап на земјата кон овие избори. Критериумите за евроинтегрирањето се демократија, човекови права, владеење на законот и пазарна економија , согласно со критериумите од Копенхаген, а фер и слободните избори, исто така, припаѓаат на демократијата и на овие критериуми. Значи, да се има добри избори е навистина клучно за европските перспективи на Македонија.“

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска