1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За кршењето на правата на македонското малцинство во Грција

Тони Гламчевски18 април 2007

Советот на Европа денес расправа за правата на човекот и демократијата во Европа, во извештајот беше посочена Грција поради одбивањето на судовите да го регистрираат здружението на македонското малцинство – „Домот на македонската култура“ во Лерин. Во Парламентарното Собрание на СЕ, истовремено е покренета иницијатива за извештај за тешкотиите на македонското национално малцинство на северот од Грци

https://p.dw.com/p/AdYd
Советот на Европа во Стразбур
Советот на Европа во СтразбурФотографија: picture-alliance/ dpa

ја.

Потписници на Предлог-резолуцијата се петнаесет парламентарци од девет земји и од сите политички групи на ПС на СЕ. Тие се предводени од холанѓанецот Ерик Јургенс, а меѓу нив е и поранешниот претседател на ПС на СЕ, Лордот Расел Џонстон. Со предлогот тие бараат да биде направен извештај од страна на ПС, за кршењето на човековите права на македонското етничко и јазично малцинство во Северна Грција, со пружање можност на нивните претставници да сведочат пред асамблејата.

Во образложението се вели дека грчката држава одбива да го признае постоењето на македонско етничко и јазично малцинство внатре во своите граници. Грчките власти ги исклучија и продолжуваат систематски да ги исклучуваат Македонците од политичкиот живот, при што не им одговараат ниту на писмата испратени од претставниците на ова малцинство.

Покрај присуството на македонско население на северот од Грција, грчката држава не го признава македонскиот јазик, со што го лишува македонското малцинство да го изучува македонскиот јазик во рамките на грчкиот образовен систем.

Потписниците изразуваат загриженост поради бројните и постојани кршења на правата на ова малцинство, при што потсетуваат дека десет години по пресудата на Европскиот суд, „Домот на македонската култура во Лерин“ се уште не е регистриран. Исто како и на законот со кој на бегалците од граѓанската војна во Грција, со македонско потекло, се уште не им е вратено грчкото државјанство и нивните имоти.

Грција, денес се уште одбива да ја ратификува Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. Сепак, потписниците забележуваат дека Грција е должна да ги почитува обврските предвидени не само со конвенциите на СЕ, туку и конвенциите и договорите од ООН и правно обврзувачките текстови на ОБСЕ.

Дали ќе се изработува или не извештај за тешкотиите на македонското малцинство во Грција, ќе треба да одлучи бирото на ПС на СЕ.

Во моментот кога ПС на СЕ го отвора ова прашање, во секретаријатот на Советот на Европа, се прави нов обид за да се избегне користењето на терминот македонски.

Македонските пратеници, на нивните дипломатски пасоши кои им ги издава Советот на Европа, открија дека во графата за државјанство, наместо да пишува „македонско“, стои „граѓанин на поранешната југословенска република Македонија“, иако на пасошите на нивните колеги од другите земји стои како на пример: руско, германско или турско државјанство.

„Токму затоа, првата моја реакција беше да го вратам пасошот, што ми беше издаден и во кој беше употребена таа формула“, вели пратеникот Благој Зашов.

Сите шест македонски парламентарци протестираа со писмо до Генералниот секретар на СЕ, Тери Дејвис. Пред неколку години македонската јавност се возбуди со инструкциите на Валтер Швимер да не се користи придавката „македонски“, што е во спротивност со стандардите на СЕ. Од одговорот на Дејвис, македонската делегација не е задоволна.

„Бараме од сегашниот генерален секретар да ја повлече, ако воопшто постои. Тој не негира дека постои. Од она како се однесуваат службениците во Секретаријатот се гледа дека постои или дека барем духот на инструкцијата што ја даде г-динот Швимер се уште постои кај функционерите во СЕ“, додава Зашов.