1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За првпат напролет

Ирена Паскали24 април 2007

Саемот на уметноста во германскиот град Келн оваа година се одржа од 18 до 22 април. За подобро справување со се посилната јконкуренција организаторите наместо традиционалното есенско издание се одлучија Арт.Колоњ да се одржува напролет.

https://p.dw.com/p/AeSw

На саемот може да се видат најразлични уметнички форми, но сепак фотографијата и новите медиуми ги птоснуваат во втор план сликарството и скулптурата, која беше најмалку застапена. Што се однесува до сликарството , познатите комерцијални галерии ги презентираа делата на Миро, Пикасо , Матис Шагал кои се разбира беа нудени за продажба за милионски суми.

Инсталациите и фотографиите беа најмногу застапени во програмата “Опен Спејс”, Млади таленти” и “Нови галерии”

На самиот влез во саемските хали ве пречекува импозантната инсталација на Ентони Мек Кол . Овој американски автор кој се занимава со филм , инсталација , цртежи и склуптура , овојпат на Арт Колоњ е претставен со инсталацијата наречена “Меѓу мене и тебе” – контраст на светлина и темнина , изработена во концепт на минимал арт и концептуална уметност.

Најголемо внимание на Арт Колоњ привлекува американскиот автор Гери Хил, светско име на видеоуметноста и инсталацијата :

“ Големата инсталација на Гери Хил “Фрустрација” е ново дело од 2006-та година , направено во копродукција меѓу самиот автор и Фондациите Интер Медиа Арт од Дизелдор и Карте од Париз. Таа беше првпат претставена во парзи минатата година , а во Германија за првпат е тука во рамките на Арт Колоњ- вели Сандра Томас претставничка на Фондацијата Интермедиа Арт од Дизелдорф.

Инсталацијата изгледа вака: 12,5 килограми тешка златна плоча на која е изгравирано “ За се што е видливо има и копија на тоа што е скриено” е поставена во базен од 63 квадратни метри кој е наполнет со 2000 литри минерално масло , врз кое се рефлектира видеопроекција на која е прикажан Орел заглавен во данловот . Тој се обидува да полета , но со крилјата ги допира жиците и притоа се рефлектира силен звук . Со оца дело Хил гго коментира актуелниот развој на уметноста како форма на инвестиција и статусен симбол на моќта.

Фондацијата СК култур пак од својата огромна колекција фотографии оваа година одбра посебна програма за Арт Колоњ , посеветна на портретите и фотографиите на луѓе во простор. Таа претставува повеќе автори на класичната како и помладите автори од концептуалната фотографија.Тука се вбројуваат индустриските фотографии на Бернд и Хила Бехер, како и фотографиите на луѓе поединечно или во група во стоечка или седечка позиција во различни географски аргитектонски и пејзажни позадини направени од Вилијам Кристенбери,Вокер Еванс и Стивен Шор.

Како што рековме во рамките на Арт Колоњ функционираат повеќе различни програми. Така програмата Опен Спејс оваа година се претставени повеќе од 40 интернационални галерии кои презентираат индивидуални проекти од областа на новите медиуми, инсталации , видео проекции и фотографии.

Посебна програма на саемот има и Биеналето на експериментален филм кое е застапено на Арт Колоњ 5 година по ред. Овојпат тоа презентира филмови од реномирани автори како Кристоф Жирарде, Кристијан Јанковски, Матијас Милер и други млади творци наградувани на голем број фестивали.

Треба да ги споменеме и програмите за промоција на мновите млади галерии и програмата “Скриени богатсва” која претставува 6 повозрасни автори кои сеуште не се доволно интернационално етаблирани.

Арт Колоњ пак во својата програма “Нови Таленти” одбра 25 автори од 12 земји . Меѓу нив специјално жири треба да го одбере добитникот на наградата Најдобар млад Автор.

Инаку на Артколоњ беше традиционално се доделува главна награда на саемот на уметноста. Овојпат во градската куќа во келн наградата на победникот му ја врачи градоначалникот Фриц Шрама:

“ Наградата Арт Колоњ ја добива господинот Ерхард Клајн поради неговите заслуги и делување во модерната уметност . Ерхард Клајн и неговата галерија од 1970 година наваму се важни за афирмацијата на германската модерна уметтност на меѓународно ниво”

Ерхард Клајн уште од почетокот на својата работа како галерист во Бон а потоа и во Бадминстерајфел , беше заинтересиран за модерната уметност и соработувал со познати германски автори како Јозеф Бојс , Зигман Полке и други . :

“Почитувани дами и господа , драги пријатели на уметноста драго семејство јас сум почестен” – порача Клајн при примањето на наградата.